Продолжува борбата со огнените стихии во државава, Мицкоски најави помош од неколку држави

July 15, 2024
1 min read

Борбата со огнените стихии во државава продолжува. Гаснењето на пожарот на планината Серта се очекува да прододолжи утрово со хеликоптери и ер трактори. Во меѓувреме премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора во борба против пожарите.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера доцна попладне изјави дека продолжува да гори пожарот на планината Серта, и оти гаснењето продолжува утрово со хеликоптери и со ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Продолжува да гори. За жал не успеваме да воспоставиме контрола над него. Теренот е исклучително лош, има многу трња, многу грмушки, многу густ терен, испресечен со долови. Високата температура и ветерот што го менува правецот, дополнително го отежнува гаснењето, појасни тој. 

Вчераутро се гаснело со еден полициски хеликоптер, веднаш потоа и со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна со два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Но покрај тоа, за жал, огнот повторно бил активен.

Полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици вчера продолжи да дејствува врз пожар што е се уште активен на планината Серта.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, хеликоптерот во 25 налети исфрлил над 38 тони вода.

– Војската е активна на терен. Сто и три војника активно учествуваат во гаснењето, како и 30 припадници на МВР, локални противпожарни сили од Неготино и Кавадарци, доброволци, потсети Ангелов.

Пожарот на Серта избувна во средата околу 10.30 часот. 

Мицкоски синоќа во објава на Фејсбук напиша дека се бориме против огнените стихии поради топлотниот бран.

-Интензивно сме во комуникација со повеќе пријателски држави од кои побаравме помош во рамките на нивните можности за гасење на пожарите. За скоро пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Министрите за одбрана, МВР, надворешни работи и трговија Мисајловски, Тошковски, Муцунски како и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се во интензивна комуникација со нивните колеги од овие држави.

Од АД МЕПСО соопштија дека двата далекуводи на потегот од Пепелиште кон село Лакавица се исклучени од безбедносни причини со цел да се овозможат безбедни услови за интервенција од воздух и копно во гаснењето на пожарот. Исклучувањето нема никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија.

Според вчерашните информации, пожарот на планината Серта во штипскиот регион кон штипските села Селце и Драгоево е се уште активен.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЗО: Стапката на вакцинација на децата е под нивото пред пандемијата

Следно

Анхел Ди Марија се збогува од дресот на Аргентина (ВИДЕО)

Latest from Blog

Силен филмски бран во македонската кинематографија: Се снимаат три долгометражни филмови поддржани од Агенцијата за филм

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија информира дека во моментов се снимаат три долгометражни играни филмови, сите финансиски поддржани од државата, кои ветуваат нови квалитетни и возбудливи приказни на големото платно.

СО ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ ПРИМАДОНАТА ЃИНОВСКА-ИЛКОВА ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛ ВО РИМ

Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова на 24 јули со дела од македонски композитори ќе настапи во Рим, на музичкиот фестивал на народите Римски ноќи, во театарот „Марчело“. Ѓиновска-Илкова, во Рим гостува со пијанистката

СДСМ: Очекувавме од еврокомесарката Кос да биде повнимателна во изјавите за идентитетски прашања

„Очекувавме еврокомесарката Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено во сите документи и сите договори, а тоа е дека македонскиот јазик и идентите се целосно признати од Унијата.

“Никогаш повеќе нема да го посетам ова место во Грција” – туристка шокирана од цените на лежалките во овој дел на Грција

Во Грција во летниот период е активно здружението на граѓани MyCoast , кои се залагаат и се борат за остварување на правото на слободен пристап до морскиот брег. Здружението е посветено на
Go toTop