Почина Шенон Доерти, ѕвездата на култната серија „Беверли Хилс 90210“

July 14, 2024
1 min read

На 53 години почината актерка Шенон Доерти, после повеќегодишна борба со ракот. Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс 90210“ починала вчера, изјави за „Пипл“ нејзината портпаролка.

Доерти во февруари годинава објави дека ракот ѝ се вратил, дека метастазирал и за списанието „Ел“ вели дека очекува да се лекува до крајот на животот. Болеста во меѓувреме ѝ се прошири на ‘рбетот. Болеста првпат ѝ била дијагностицирана во 2015.

„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоунe.

Доерти се прослави во 1990 година како Бренда Волш во мегапопуларната серија Беверли Хилс, 90210. Нејзиниот брат близнак Брендон го играше Џејсон Пристли, со кого остана блиска до крајот на животот.

Таа ја напушти серијата по четвртата сезона во 1994 година. Подоцна повторно го играше ликот на Бренда со неколку гостувања во рибутот „90210“ во 2008 година.

По славата во серијата, Дoерти доби улога во серијата „Волшебнички“, како најстарата од трите сестри вештерки. Покрај улогата во серијата, таа режираше и неколку епизоди, а серијата ја напушти на крајот на третата сезона во 2001 година.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осма годишнина од обидот за терористички пуч на ФЕТО во Туркије: Ферхат Ѓокмен застана пред тенк ноќта на 15 јули

Следно

МНР: Синот на Мицкоски не беше дел од делегацијата на Самитот на НАТО

Latest from Blog

Ученик донел сачмарка во училиште – ДИРЕКТОРОТ ЗАСТРЕЛАН ВО ЗАДНИКОТ!

Нова шокантна трагедија го потресе францускиот образовен систем – четиринаесетгодишен ученик отвори оган со ловачка пушка калибар 12 во училиштето „Жозеф Лаканал“ во францускиот град Обањ, во близина на Марсеј, при што

Николоски: Со Букојчани – Кичево го заокружуваме автопатското поврзување на западниот дел од Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8,

Нејмар одби да игра поради теренот, во „луда завршница“ неговиот тим загуби со гол даден со „ножички“ (Видео)

Сантос загуби со 1:2 на гостувањето кај Атлетико Минеиро во меч на кој Нејмар одби да игра поради тоа што теренот има вештачка подлога. Овој натпревар беше директна борба за петтото место

Инвестиција од над две милијарди долари во Халкидики: Отворен рудникот „Скуриес“

Во североисточниот дел на Халкидики на 8 октомври свечено беше отворен рудникот за бакар и злато „Скуриес“, инвестиција вредна повеќе од две милијарди долари. Комерцијалното производство е најавено до крајот на 2026
Go toTop