„Трамп се чувствува добро, ќе продолжи да ја споделува својата визија“, соопшти Националниот комитет на Републиканците

July 14, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Републиканскиот национален комитет соопшти дека нивниот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, се чувствува добро и им е благодарен на службениците за спроведувањето на законот, известува Анадолу.

„Доналд Трамп со нетрпение чека да се приклучи на митингот во Милвоки, неколку часа по обидот за атентат“, соопшти републиканскиот Национален комитет.

„Како кандидат од нашата партија… тој ќе продолжи да ја споделува својата визија да ја направи Америка повторно голема“, се вели во соопштението.

Претходно, Трамп се огласи на платформата Truth Social, која тој ја формираше и им се заблагодари на службениците за спроведување на законот и Тајната служба за нивниот брз одговор.

„Она што е најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на убиениот на митингот, како и до семејството на уште едно лице кое беше тешко повредено. Неверојатно е дека вакво дело може да се случи во нашата земја“, објави Трамп.

Тој наведе дека куршумот му го пробил „горниот дел“ на десното уво, додавајќи дека ја напуштил болницата набргу по укажаната лекарска помош.

20-годишниот Томас Метју Крукс од Пенсилванија се обиде да го убие поранешниот американски претседател и кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп.

Како што соопшти Федералното истражно биро (ФБИ), вооружениот напаѓач го пукал кон републиканскиот претседателски кандидат Трамп додека тој држел говор на бина во Пенсилванија.

Трамп бил полесно ранет во пределот на десното уво, а со интервенција на обезбедувањето бил оддалечен од бината.

Напаѓачот е неутрализиран, неговото тело е пронајдено недалеку од местото на нападот, во кој едно лице од учесниците на митингот е убиен, а уште две се тешко ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за 14 јули 2024 година

Следно

Али Ахмети: Најостро го осудувам обидот за атентат на претседателот Трамп

Latest from Blog

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов
Go toTop