Реакции во САД по инцидентот во кој беше ранет Трамп

July 14, 2024
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден ја предводи осудата откако неговиот изборен ривал Доналд Трамп беше ранет во инцидент со пукање на митинг во Пенсилванија, при што, загинал напаѓачот и најмалку еден човек.

Политичките лидери во САД остро го критикуваа насилството неколку минути откако републиканскиот кандидат беше евакуиран од бината каде имаше митинг од страна на тајната служба, а видлива беше крв на неговото лице.

„Благодарен сум што слушнав дека тој е безбеден и се чувствува добро. Се молам за него и неговото семејство и за сите оние кои беа на митингот, додека чекаме дополнителни информации“, рече Бајден во изјавата набргу по инцидентот.

„Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. Нема место за вакво насилство во САд. Мораме да се обединиме како една нација за да го осудиме“.

Поранешниот претседател, Барак Обама, објави на Х, дека „апсолутно нема место за политичко насилство во нашата демократија“. „Иако се уште не знаеме што точно се случило, сите треба да ни олесни што поранешниот претседател Трамп не  е сериозно повреден и да го искористиме овој момент за повторно да се посветиме на почитување во нашата политика“, рече демократот.

Поранешниот претседател Џорџ Буш го осуди „кукавичкиот“ напад.

„Лора и јас сме благодарни што претседателот Трамп е безбеден по кукавичкиот напад врз неговиот живот. И ги пофалуваме мажите и жените од Тајната служба за нивната брза реакција“.

„Згрозен сум од она што се случи на митингот на Трамп во Пенсилванија и ми олесна што поранешниот претседател Трамп е безбеден. На политичкото насилство нема место во нашата земја“, напиша на X, лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, демократ.

Топ републиканецот во Сенатот, Мич Мекконел, исто така напиша на X: „Вечерва, сите Американци се благодарни што се чини дека претседателот Трамп е добро по одвратниот напад на мирен митинг. Насилството нема место во нашата политика“.

„Како човек чие семејство беше жртва на политичко насилство, јас од прва рака знам дека политичкото насилство од кој било вид нема место во нашето општество“, напиша поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, чиј сопруг беше нападнат во домот во 2022 година.

„Му благодарам на Бога што поранешниот претседател Трамп е безбеден. Додека дознаваме повеќе детали за овој ужасен инцидент, да се молиме сите присутни на митингот на поранешниот претседател денес да бидат неповредени“.

Технолошкиот милијардер Илон Маск  изјави дека „целосно“ го поддржува Трамп по насилството на митингот. „Целосно го поддржувам претседателот Трамп и се надевам на негово брзо закрепнување“, напиша Маск на „Х“.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вооружен напад на Трамп во текот на неговиот говор. ФБИ случајот го третира како обид за атентат

Следно

Армијата и два хеликоптера ангажирани во гаснењето на пожарот во неготинско

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop