Владата донесе одлука за кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

July 14, 2024
1 min read

Владата вечерва донесе одлука за постоење кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија.

На седницата, која се одржа вечерва, поради топлотниот бран и состојбата со пожарите, Владата одлучи кризната состојба да биде во траење од 30 дена.

Како што информираат од Владата, Министерството за внатрешни работи се задолжува да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите.

Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот се задолжуваат да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба, додека Министерството за финансии се задолжува да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за тоа се покаже потреба.

-Да се информираат претседателот на Република Северна Македонија и Собранието на Република Северна Македонија за донесената Одлука за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија, согласно член 31 од Законот за управување со кризи. За операционализација на Одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија, а врз основа на дадениот предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија му предлага на претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици), во справувањето со кризната состојба, наведуваат од Владата.

Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи Владата го задолжи да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата.

-Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, нагласуваат ид Владата.

Истовремено, Владата упати апел до граѓаните за внимателност при движењето во шуми и шумските појаси и областите зафатени со пожари.

-За ова, се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – П.О. Скопје, за наредната седница на Владата да информира за состојбите и потребата од ограничување на движењето на лица во шумите и шумските појаси, наведуваат ид Владата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден загинат и двајца повредени во обидот за атентат на Трамп

Следно

Кевин Дурент поради повреда нема да настапи на ОИ?

Latest from Blog

Коњановски: Честит Рамазан Бајрам – нека владее мир и хармонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам. Во својата порака, Коњановски им посака празнични денови исполнети со радост, мир

Проданоски: Честит Рамазан Бајрам – нека празникот донесе мир и надеж

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Во својата порака, Проданоски им посака мир, здравје, радост и благосостојба на

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 16–19.03 со 44,44 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 16.03.2026 – 19.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 252 трансакции со вкупен промет од 44.435.187 денари

Со желби за здравје и благосостојба: ФФМ го честита Рамазан Бајрам

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати честитка до сите граѓани по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, посакувајќи здравје, мир и благосостојба. Во својата објава, од ФФМ истакнуваат дека овој празник носи

МОРНАР ТРЧАЛ ПО ПАЛУБАТА и случајно ја открил локацијата на француски носач на авиони

Локацијата на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ беше откриена речиси во реално време откако еден морнар го сними своето трчање на палубата користејќи го популарниот фитнес тракер „Страва“. Безбедносниот пропуст
Go toTop