Француската министерка за спорт заплива во Сена за да покаже дека е доволно чиста за олимписките натпревари

July 13, 2024
1 min read

Француската министерка за спорт Амели Уеда-Кастера денеска пливаше во реката Сена за да покаже дека нејзнината вода е доволно чиста за оджување на натпреварите во далечинско пливање и пливачкиот дел од триатлонот за време на претстојната Олимпијада во Париз.

Претходно, министерката изјави дека одржувањето на натпреварувањата во Сена ќе биде настан на векот и дека тоа мора да се случи поради француското наследство. Реката Сена се користела за натпревари и за време на Олимписките игри во Париз во 1900 година.

Откако беше објавено дека Сена ќе се користи за олимписки натпреварувања, се отвори дебата за нејзината чистота. Последниве недели многу студии и анализи покажале дека не ги исполнува целосно хигиенските стандарди за пливање, а главна причина за тоа се честите врнежи во француската престолнина. Изминативе денови преовладува суво време кое го намали нивото на загаденост, а натамошните прогнози укажуваат дека сувото време треба да се задржи и за време на Олимпијадата во Париз.

-Сите мерења во последните 12 дена покажаа дека реката е погодна за капење, изјави Пјер Рабадан, претставник на париските градски власти. Тој додаде дека организаторите не се плашат од откажување на натпреварувањата на Сена, но оти се можни одредени прилагодувања. Доколку има проблеми со квалитетот на водата и нивото на водата, организаторите велат дека имаат резервни планови.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, исто така, кажа дека ќе плива во реката Сена.

И францускиот претседател Емануел Макрон во февруари вети дека и тој ќе се капе во Сена, но оти нема да им каже на новинарите кога ќе биде тоа.

Пливањето во Сена е забрането во 1923 година поради загадување, иако француските политичари ветија дека ќе ја исчистат. Поранешниот градоначалник на Париз, а подоцна и претседател Жак Ширак во 1988 година вети дека реката ќе биде доволно чиста за да може да се плива пред крајот на неговиот мандат, но тоа ветување не го одржа.

Летните Олимписи игри во Париз почнуваат на 26 јули и ќе траат до 11 август. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саутгејт: Време е титулата да ја вратиме дома

Следно

Пожарникарите гаснат голем пожар во Истра, Хрватска

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop