МЕНДЕЛСОН И ЧАЈКОВСКИ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ОХРИДСКО ЛЕТО, СО ВИОЛИНИСТОТ РАХЛИН И ФИЛХАРМОНИЈАТА

July 12, 2024
1 min read

Шеесет и четвртото издание на Охридско лето почнува вечерва (21 часот) на Античкиот театар, со концертот на виолинистот Џулијан Рахлин од Литванија и Филхармонијата. Рахлин ќе биде и диригент.

На програмата се Концертот за виолина и оркестар во е-мол оп. 64 од германскиот композитор Феликс Менделсон и класичната Увертира-фантазија „Ромео и Јулија“ од рускиот композитор Петар Илич Чајковски.

Рахлин првпат настапи со Филхармонијата во 2017, на Божиќен концерт во Скопје. Тој е музички раководител на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Кристијансанд и прв гостин-диригент на Филхармонискиот оркестар во Турку. Над 30 години работи како диригент, солист, камерен музичар, педагог и уметнички раководител.

Како најава за свеченото отворање, синоќа во црквата „Света Софија“ во соработка со Музичката младина на Македонија се одржа Подиумот на млади уметници на кој виолинистката Памела Велкова и пијанистите Ивана Мазнејкова, Ана Мазнејкова и Доминика Робе изведоа дела од Бах, Бетовен, Шопен, Давиташвили, Прокофјев и Изаи.

Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Света Софија“ и нејзиното предворје, како и Центарот за култура „Григор Прличев“ и годинава ќе бидат локациите каде до 20 август ќе се одржува фестивалот.

„Ќе пречекаме над 500 уметници од 24 земји: Србија, Литванија, Словенија, Германија, Австрија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Русија, Чешка, Венецуела, Бразил, Шпанија, Црна Гора, САД, Хрватска, Словачка, Романија, Грција, Кина, Полска, Франција, Белгија и секако, уметници од Македонија“, вели директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таргет пред казна за пријавување премногу кражби

Следно

ФИА потврди шест трки за сезоната 2025

Latest from Blog

МААЕ повикува на воена воздржаност за да се избегне ризикот од нуклеарна несреќа на Блискиот Исток

Повикот на Гроси следува по нападот врз нуклеарниот објект Бушер во јужен Иран. Гроси објави на социјалната мрежа X дека не е пријавено зголемување на нивото на зрачење, но повика на максимална

Трипуновски: Го слушаме гласот на земјоделецот, добронамерните идеи и сугестии ги реализираме на дело

Општина Битола има значително влијание во земјоделското производство, затоа вечерва на трибината „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, испративме јасна порака дека земјоделството е еден од столбовите на македонската економија, истакна

Бесплатен роаминг поблиску до регионот: еве кои две земји наскоро стартуваат со примена

Генералниот секретаријат на Советот на Европската Унија (ЕУ) закажа состанок на Работната група за проширување и земји кои преговараат за пристапување во ЕУ за 7 април во Брисел, каде што ќе се
Go toTop