Премногу пробиотици не се здрави за телото

July 11, 2024
1 min read

Од рамнотежа на бактериите во цревата до одржување стабилна телесна тежина, придобивките од пробиотиците и нивната поврзаност со здравјето на системот за варење се наметнуваат со години. Нови наоди, сепак, покажуваат дека премногу пробиотици може да предизвикаат непријатности.

Имено, прекумерната употреба на добри бактерии може да резултира со наталожување такви бактерии во тенкото црево. Тоа потоа е причинител на дезориентација, надуеност и болки во стомакот. Во неодамна објавено испитување на Медицинскиот факултет на Џорџија при Универзитетот во Августа што опфатило 300 пациенти кои земале пробиотици, 122 лица пријавиле надуеност, проблеми како збунетост и со концентрирањето. Некои испитаници рекле дека нивната дезориентација и губење на когнитивните способности траеле од половина час до неколку часа после оброкот, и биле толку тешки што морале да си заминат од работа.

– Истражувачите најдоа големи колонии на бактерии коишто се размножуваат во тенкото црево на пациентите, но и високи нивоа на Д-млечна киселина што се создава кога бактериите лактобацил ферментираат шеќери од храна, изјави д-р Сатиш Рао, стручњак за неврогастроентерологија.

Познато е дека Д-млечната киселина е штетна за мозочните клетки. Истражувачите откриле дека некои пациенти имаат два до три пати поголема количина на Д-млечна киселина во крвта.

Иако пробиотиците се повеќе од корисни во некои случаи, истражувачите советуваа да се внимава на можна прекумерна и неконтролирана употреба.

– Пробиотиците треба да се земаат како лек, а не како додаток во исхраната, истакнува д-р Рао.

Лекарот напомнува дека би било добро, наместо капсули со чисти пробиотици, да се користат и намирници коишто имаат пробиотик-ефект, како што се темното чоколадо, јогуртот, киселата зелка и, особено – кефирот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЕЌЕ ВО ПРОДАЖБА: Реал го претстави дресот на Мбапе, ќе ја носи „9“ на Бензема

Следно

Крејчикова преку Рибакина до место во финалето на Вимблдон

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop