СДСМ: Доброволно служење воен рок одамна постои, Силјановска нема основно познавање од областите кои се во нејзина надлежност

July 11, 2024
1 min read

„Доволно ќе беше да прочита барем дел на суштинскиот закон кој ја дефинира нејзината надлежност, законот за одбрана, и ќе видеше дека во десетина членови и сега е предвидено доброволно отслужување на воен рок. И тоа е така веќе речиси две децении.

Очигледно претседателката уште еднаш потврдува дека е залутана на позицијата Врховен командант на Армијата“ наведуваат од партијата.

Според Законот за Армија, како што појаснуваат од СДСМ, воената служба на граѓаните се состои од 1) Доброволно служење на воен рок и 2) Служба во резервните сили на Армијата.

„Силјановска Давкова од почетокот на совјата функција докажува дека нема никаков капацитет да биде Врховен командант на македонската Армија, прекршува протоколи и не ги познава законите. Очигледно нема ниту Кабинет кој знае да и укаже на ваквите елементарни непознавања“ порачаа од СДСМ

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ердоган: Туркије очекува НАТО-сојузниците да го усвојат нејзиниот неселективен пристап во борбата против терористите

Следно

Бајден не дошол на средба со Шолц, му било време за Мечето Ушко

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да
Go toTop