Ердоган: Туркије очекува НАТО-сојузниците да го усвојат нејзиниот неселективен пристап во борбата против терористите

July 11, 2024
4 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Туркије неселективно се бори против терористичките организации и очекува сојузниците на НАТО да применат сличен пристап против тероризмот, јавува Анадолу.

„За жал, досега не го добивме очекуваното ниво на поддршка и солидарност од нашите сојузници. Не можеме да ја толерираме оваа ситуација ниту е во согласност со духот на сојузот водачите на терористичките организации, кои претставуваат закана за националната безбедност на Туркије, да бидат прифатени како легитимни актери“, рече претседателот Ердоган во ексклузивното интервју за „Њузвик“ објавено денес.

Истакнувајќи дека Анкара има „холистички“ пристап кон безбедносните закани на тој начин што придонесува и за безбедноста на нејзините сојузници, тој нагласи: „Ние веруваме дека би било подобро да се усвои принципиелен пристап кон проблемите во нашиот регион и во светот наместо оној што е заснован врз субјективни и краткорочни интереси.“

„Ние сме земја на НАТО. Заканата за нашата национална безбедност е закана за сите земји на НАТО, особено за САД. Всушност, за ова се доказ и договорите врз база на кои е основањето и продолжувањето на постоењето на НАТО.“

„Сепак, поддршката што од САД и од некои други наши сојузници им е дадена на терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ и ФЕТО, кои ја загрозуваат нашата безбедност, не е во согласност со овие принципи на НАТО.“

„Терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ ја користи поддршката под изговор ‘борба против ДАЕШ’ за да нѐ нападне нас и Сирија. Ние сме тие што вистински се бориме против ДАЕШ. Ние сме единствениот сојузник на НАТО што се вклучува во тесна борба со ДАЕШ. Се стремиме кон клима на мир во Сирија. Решението на сите овие конфликти е нов социјален акорд во Сирија врз основа на територијалниот интегритет“, додаде тој.

Ердоган, исто така, изрази желба Сирија да стане „просперитетна држава целосно ослободена од тероризмот и управувана од Сиријците“.

И покрај тоа што ги призна разликите со САД, турскиот претседател нагласи дека Туркије и САД имаат „длабоко вкоренети врски“, додавајќи: „Ние имаме намера да ги развиваме.“

Во врска со присуството на терористите на ДАЕШ и терористите на ПКК/ЈПГ во близина на границите на Туркије, Ердоган рече: „Ние немаме проблем со курдското население, ниту во Сирија ниту во Ирак. Имаме проблем со терористите и блиску сме до решение со неутрализирање на терористите.“

„За оние што мислат дека можат да создадат терористичка држава во нашиот регион, ова е целосен сон кој никогаш нема да се оствари“, додаде тој.

Туркије долго време се жали дека САД соработуваат со ПКК/ЈПГ под изговор дека се борат против ДАЕШ. Турските власти велат дека користењето на една терористичка организација за борба против друга нема смисла.

Од 2016 година Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во Северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени.

ЈПГ, исто така, позната како ПЈД, е сириски огранок на ПКК.

– „Директната конфронтација меѓу НАТО и Русија е несомнено загрижувачка“ –

Во врска со руско-украинската војна и можноста за директен судир меѓу НАТО и Русија, Ердоган изјави: „Уште од самиот почеток изјавивме дека нема да бидеме страна во оваа војна. Нашиот став е исклучително во корист на мирот. Решението не е повеќе крвопролевање и страдање, туку траен мир постигнат преку дијалог, а тоа резултираше со повеќе штета отколку добро за Украина.“

Истакнувајќи ја клучната улога на Анкара во зближувањето на Москва и Киев на иста маса во Анталија и Истанбул, покрај нејзината улога во Црноморската иницијатива за жито за олеснување на испораката на блокираните украински жита, тој додаде: „Изгледите за директна конфронтација меѓу НАТО и Русија несомнено се загрижувачки. Сите чекори што би можеле да доведат до овој исход мора намерно да се избегнуваат.“

„Сметаме дека е соодветно фокусирање на прашањето со пристап оринетиран кон решение и со воздржаност.

За односот со рускиот претседател Владимир Путин, Ердоган рече дека иако немаат исти ставови за секое прашање, „сепак можеме да разговараме меѓусебно за работите и да навлеземе во специфичностите за нивно решавање“.

– „Доверлив партнер“ –

На прашањето за вклученоста на Туркије во БРИКС и Шангајската организација за соработка (ШСО), Ердоган истакна дека Туркије е непоколеблив сојузник на НАТО и рече: „Не веруваме дека тоа ја попречува нашата способност да воспоставиме позитивни односи со нации како Кина и Русија ниту, пак, мислиме дека Шангајската организација за соработка е алтернатива на НАТО.“

„Слично на тоа, ние не го сметаме БРИКС за алтернатива на која било друга структура. Сите овие структури и основата на сојузот ги сметаме за тела со различни функции.“

Истакнувајќи ја „уникатната“ позиција на Анкара, Ердоган рече дека Туркије ја зајакнува својата позиција како „доверлив партнер“ во сите структури во кои учествува. Претседателот истакна: „Затоа, како членка на НАТО, не сметаме дека е проблем да комуницираме со земјите од ШОС, БРИКС, Европската Унија или Организацијата на туркиските држави, ние дури веруваме дека овие односи придонесуваат за светскиот мир.“

– „Сакаме Израел да се повлече од Газа“ –

Во врска со тековната војна во Газа, Ердоган изјави: „Израел го прекршува меѓународното право. Што се случи со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за итен прекин на огнот во Газа? Израел не се ни потруди, а камоли да го спроведе.“

„Сакаме веднаш да престанат овие (израелски) напади, Израел да се повлече од Газа и хуманитарната помош да се доставува до Газа без прекин. Сакаме дводржавното решение засновано врз границите од 1967 година да се спроведе за траен мир во регионот“, истакна претседателот на Туркије.

„Заканите на Израел кон земјите од регионот, особено кон Либан, како и неговите обиди за ширење на конфликтот низ регионот мора да престанат. Во спротивно, нашиот регион се соочува со поголем ризик од подлабоки конфликти, па дури и војна“, рече Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во израелските напади на Газа убиени уште 50 Палестинци, билансот надмина 38.300

Следно

СДСМ: Доброволно служење воен рок одамна постои, Силјановска нема основно познавање од областите кои се во нејзина надлежност

Latest from Blog

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ ВО МНТ ЈА РЕЖИРА „ЗАМИСЛИ НОВ СВЕТ“ КАКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДРАМИТЕ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Режисерката Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја режира претставата „Замисли нов свет“, копродукциски проект помеѓу „Сектор филм“ и МНТ. Претставата се најавува како колаж од делата на еден од најзначајните

61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка – се роди Петар и им донесе радост

На Клиниката за гинекологија и акушерство, мајка стана на 61- годишна скопјанка, која на свет го донесе својот син, Петар. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба и, како што велат

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Во вечерашната емисија „Само вистина “на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми и фокусот го стави на унгарскиот кредит и дека

Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

Македонското Министерство за спорт и Канцеларијата на Европската унија во Скопје договорија блиска соработка и промовирање на вистински вредности кои ќе значат здрава младина за европска иднина на Македонија. Ова денеска на
Go toTop