Алтун: Во Сребреница се случи геноцид пред очите на целото човештво

July 11, 2024
2 mins read

САРАЕВО (АА) – Шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун, им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница и рече дека геноцидот во Газа немало да се случи денес доколку човештвото успеело да научи лекција од Сребреница, јавува Анадолу.

Алтун на социјалните мрежи објави порака по повод годишнината од геноцидот во Сребреница.

„Покојниот Алија Изетбеговиќ рече: ‘Геноцидот што е заборавен ќе се повтори!’ Единаесетти јули е една од најболните страници на модерната историја која сè уште не е затворена. Болката од геноцидот во Сребреница, кој беше забележан како најголема човечка трагедија во Европа по Втората светска војна, сè уште го зазема најдлабокото место во нашите срца, без разлика што поминаа 29 години“, рече Алтун.

Според неговите зборови, трагедиите треба да бидат поука за целото човештво. Тој нагласи дека „во овие денови кога геноцидот во Газа продолжува со сето свое насилство, од Сребреница може да се извлечат големи лекции за сите оние кои се борат да го направат светот место каде што луѓето ќе можат да ги живеат своите животи на начин што е достоинствен на човекот“.

„Во Сребреница се случи геноцид пред очите на целото човештво; згора на тоа, во област која Обединетите нации (ОН) ја прогласија за „безбедна зона“. Ратко Младиќ, чие име влезе во историјата како „Касап на Босна“, неговото идеолошко слепило го игнорираше гласот на разумот, здравиот разум и совеста, како и оние кои го продолжуваат геноцидот во Газа денес. Доколку човештвото успееше да научи лекција од Сребреница, каде што повеќе од осум илјади луѓе, вклучително и постари и деца, беа убиени само поради нивното верување и идентитет, денес немаше да се случи геноцидот во Газа“.

Тој потсети дека со Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која неодамна беше усвоена од Генералното собрание на ОН со поддршка на Туркије, се предлага Сребреница да се учи како лекција за младите генерации низ светот.

„Исто така, со одлуката објавена со потпис на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, 11 јули во нашата земја ќе биде одбележан како „Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница“ со цел да се сподели болката и да се осуди геноцидот и злосторствата против човештвото. Се надеваме дека овој трагичен настан ќе придонесе за развојот на човечката совест и свеста и ќе биде инструмент за будење на глувата совест против геноцидот во Газа кој продолжува пред очите на целото човештво.

Тој додаде дека телата на уште 14 жртви на геноцидот ќе бидат погребани на колективната погребна церемонија што ќе се одржи денеска.

„Посакувам Божја милост, пред сè, на оние кои беа подложени на геноцидот во Сребреница, потоа на луѓето кои беа жртви на војната во Босна и Херцеговина, кои беа масакрирани во многу делови на Босна и Херцеговина, нашата пријателска и братска земја, на првиот претседател на независна Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, кој на целиот свет му покажа дека и војната има морал, и на сите шехиди на Босна упатувам сочувство до нивните блиски“, рече Алтун.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израел продолжува со копнените, воздушните и поморските напади низ Газа, кои влегоа во 279-от ден

Следно

Москва нема да се приклучи на евентуален самит за Украина, вели дека мировните предлози се игнорирани

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop