Пировата победа на француската левица

July 10, 2024
1 min read

Речиси можеше да се слушне како европските елити издишуваат со олеснување во неделата навечер, по објавувањето на резултатите од вториот круг на француските избори.

Откако десничарскиот Национален собир однесе огромна победа во првиот круг, францускиот естаблишмент и неговите поддржувачи психички се подготвуваа партијата на Марин Ле Пен да стане доминантна сила во францускиот парламент. Со денови, печатот го оплакуваше успехот на крајната десница додека разни буржоаски левичари мрачно зборуваа за подемот на фашизмот.

Вториот круг ги измеша местата. Левицата прва, коалицијата на Макрон втора, десницата трета.

Елитата ја избриша потта од челото, Гардијан пиша дека „победата на левичарскиот сојуз ја држи десницата далеку од власта“ а Меленшон рече дека „народот го избегна најлошото“.

Пирова е тоа победа поради идните сојузувања во парламентот а Марин Ле Пен рече дека нивната победа „само е одложена“: нејзината партија на овие избори, над 50% го зголеми бројот на пратеници и како самостојна партија е најголема во парламентот. Партијата на Ле Пен доби 37 отсто (10 милиони) од сите дадени гласови, далеку повеќе од 26-те отсто (седум милиони) на Левичарскиот фронт и 25-те отсто на коалицијата на Макрон (6,5 милиони).

Како и да е, јасно е дека постојано расте бројот на Французи подготвени да го дадат својот глас на партијата која во последниве години го отфрли својот политички токсичен имиџ (види: Како Марин Ле Пен направи „детокс“ на партијата на татко ѝ).

Има уште една причина зошто оваа „победа“ над популистичката десница е шуплива: начинот на кој до неа се дојде. Имено, овие останатите меѓусебно се договорија да повлечат над 200 свои кандидати од местата каде што Ле Пен имаше шанса да победи. Целта беше изборите да се прикажат како едноставен избор меѓу таканаречената екстремна десница и силите на антифашизмот.

Овие тактики не се нови. Францускиот политички естаблишмент, во сојуз со левицата, честопати ги претвораше националните избори во бинарен избор – за или против фашизмот. Најпознат пример беше во 2002 година, кога се спречи токсичниот расист Жан-Мари Ле Пен да го победи Жак Ширак на претседателските избори.

Поентата е што тие сегашни гласови за Левицата или Макрон не се за ништо; тие не се за одредена политичка програма или за одреден лидер, тие се само против.

„Овој релативен успех може да се врати како бумеранг. Чирлидерките на Левичарскиот фронт може да си замислуваат дека водат славна борба против воскреснатиот фашизам. Но, вистината е дека огромните делови од работничката класа на Франција кои сега гласаат за Ле Пен, не го прават тоа затоа што се расисти или неонацисти или пак се обидуваат да ја поткопаат републиката. Тие го прават тоа затоа што се загрижени за миграцијата, исламизмот, зеленизмот и сопствената маргинализација, а се соочуваат со политичките партии – од левицата и центарот – кои одбиваат воопшто да се занимаваат со овие прашања“, пишува Тим Блек.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Новата власт во Северна Македонија непотребно го комплицира европското обединување

Следно

Де ла Фуенте: Видовме фудбалски генијалец

Latest from Blog

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа

Проданоски: Го чуваме квалитетот на прилепскиот тутун и традицијата на тутунопроизводството

Во Прилеп денеска се одржува Ориенталниот тутунски форум ITGA 2026, во организација на Меѓународната асоцијација на производители на тутун, во соработка со UNITAB и Сојузот „Мака на тутуноберачите“ – Прилеп. Форумот обединува

Николоски: Конкурентните цени и подобрата инфраструктура го поттикнуваат извозот

Владата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во
Go toTop