Жешкото време ги раздразнува и влекачите – нов случај на каснување од змија во Велес

July 9, 2024
1 min read

Нов случај од каснување на змија. 74 годишен жител од Велес бил каснат од змија вчера додека ги миел рацете во дворот од неговата куќа во село Ваница.

Од Општата болница Велес велат дека пациентот ноќва бил задржан на оделот за интерни болести и под опсервација на лекарите. По подобрување на неговата состојба денеска бил пуштен на домашно лекување.

„Пациентот е задржан на одделот за интерни болести третиран од медицински аспект. Утрово во 8 часот е консултиран инфектолог и пациентот е испишан во добра општа состојба на домашно лекување е во моментов со даден совет.“ – вели Марина Андова портпарол на Општата болница Велес.

Експертите за влекачи велат дека очекувано е периодов да бидат поактивни змиите и дека горештините може да ја зголемат агресивноста кај нив, но истовремено апелираат наместо паника потребна е едукација кај граѓаните.

„Можеби сега се повидливи и поради тоа луѓето повеќе паничат. Според мене фали малку повеќе едукација, а и интерес во јавноста во смисла да се едуцираат на темата какви се змии имаме кои се околу нас да го направиме тоа во една приказна за децата или за оние помладите како како би ги заинтересирале повеќе да учат или да бидат љубопитни за прирордата а малку по малку да ја намалиме целата драма.“ – вели Војо Иванов експерт за влекачи.

Докторите од Универзтитетската клиника за токсикологија каде деновиве беше хоспитализиран пациент каснат од пајакот црна вдовица велат дека периодов бележат се поголем број на информации за присуство на одредени влекачи во урбаните средини во градовите и во населените места и апелираат на претпазливост кај граѓаните.

– На нашето подневје имаме два вида на змии поскок и шарка кој што прилично имаат силен отров кој што дури некогаш може да предизвикаат и смрт затоа максимална претпазливост каде што има растенија и трева висока посебно да внимаваат на децата бидејќи тиа секогаш сакаат да влезат и да истражат што има. – вели проф. др Андон Чибишев директор на УКЗ токсикологија.

Доколку се случи каснување првата препорака на докторите да не се паничи туку веднаш да се упатат до првата најблиска здравствена институција.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Серхио Перез може да остане без договор со Ред Бул

Следно

Арсенал и Јунајтед во битка за англиски репрезентативец

Latest from Blog

Кос: Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците

За Европската Комисија ситуацијата е јасна, доколку Северна Македонија ги исполни заложбите и го промени Уставот, што секако дека не е лесно, тогаш ќе започнеме веднаш со меѓувладината конфернција без било какви

16 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЛОКУМАДЕС: Принудувале странски државјани да продаваат крофни на Халкидики

Затворска казна од 16 години му е одредена на водачот на криминалната група што вршела изнуди за контрола на продажните места на крофни, односно на популарните грчки локумадес на плажите во Ситонија,

Танкер со нафта експлодираше во близина на Либија

Танкер што превезуваше милион барели нафта експлодираше во близина на брегот на Либија, изјави вчера неговиот управувач. Според Блумберг, танкерот „Виламура“ моментално се влече кон Грција, каде што штетата ќе се процени

Мицкоски: Со отворено срце и разум чекориме по европскиот пат, но се противиме на уцените кои не се дел од европските вредности

Нашата држава чекори по европскиот пат со отворено срце и разум, со прифаќање на европските вредности, меѓутоа се противиме на уцените кои не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под

Турскиот производител на дронови „Бајкар“ го заврши преземањето на италијанската компанија „Пијаџио Аероспејс“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот производител на беспилотни летала „Бајкар“ ја финализираше аквизицијата на италијанската авијациска компанија „Пијаџио Аероспејс“, соопшти италијанското Министерство за претпријатија и „Мејд ин Итали“, јавува Анадолу. Завршена е постапката
Go toTop