„Бројот на убиени во Газа може да надмине 186.000“

July 9, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британското медицинско списание „Лансет“ објави шокантно предупредување дека реалната бројка на убиени во израелските напади врз Појасот Газа може да надмине 186.000, што е осум отсто од вкупното население на блокираната палестинска енклава, јавува Анадолу.

Според официјалните податоци на палестинската управа во Газа, од почетокот на израелските напади на 7 октомври досега се убиени близу 38.200 Палестинци.

Сепак, неодамнешниот извештај на „Лансет“ насловен „Број на мртви во Газа: Тешко, но важно“, сугерира дека официјалната бројка е значително под реалноста.

Вистинската бројка веројатно вклучува илјадници сè уште заробени под урнатините и оние што подлегнале на секундарните последици на судирите, како што се неисхранетост, болести и недостиг на медицинска нега.

Најголем придонес во огромните загуби на животи се 14.000 бомби што САД му ги доставија на Израел. Овие бомби, исто така, ја уништија инфраструктурата на Појасот Газа, влошувајќи ги условите што доведе до дополнителни смртни случаи.

Уништувањето на здравствените установи, мрежите за дистрибуција на храна и санитарните системи го ставаат населението во опасна состојба.

„Лансет“ ги истакнува тешкотиите во собирањето точни податоци поради распространетото уништување.

„Бројот на пријавени смртни случаи е веројатно потценет. Невладината организација ‘Ерварс’ прави детални процени на инцидентите во Појасот Газа и често открива дека не се вклучени сите имиња на идентификуваните жртви во списокот на Министерството. Понатаму, Обединетите нации проценуваат дека до 29 февруари 2024 година биле уништени 35 згради во Појасот Газа, така што бројот на тела што сè уште се закопани во урнатините веројатно ќе биде значителен, со процени на повеќе од 10.000“, се вели во извештајот.

Во извештајот се наведува и дека вкупниот број жртви се очекува да биде голем со оглед на интензитетот на овој конфликт, уништената здравствена инфраструктура, големиот недостиг од храна, вода и засолниште, неможноста населението да бега на безбедни места и намалувањето на финансирање на УНРВА, една од ретките хуманитарни организации што сè уште се активни во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Испораките и производството на европска муниција за Украина, далеку од ветените

Следно

„Туркије го проширува своето присуство во вселената и покрај сите пречки“

Latest from Blog

Брајтон со “петарда“ кај Ковентри! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/officialbhafc Брајтон го победи Ковентри со 5:0 на гостински терен во четвртото коло од Премиер лигата. Стрелци за Брајтон беа Костулас, Јалкуе, Грос од пенал и Данк кој ќе биде кандидат за

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување

Димитриеска-Кочоска: ДДВ-то за дизелот од 18 се намалува на 10 отсто

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше дека Владата донела одлука за повторно намалување на стапката на ДДВ за дизелот, од 18 на 10 отсто. Според неа, мерката е донесена како одговор на

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го
Go toTop