Штит против агресија, бедем за мир и просперитет – 75 години НАТО

July 8, 2024
3 mins read

Во својот говор во 1949 година на потпишувањето на Северноатлантскиот договор во Вашингтон, американскиот претседател Хари Труман го даде тонот со едноставни зборови и јасна порака:

„За нас војната не е неизбежна. Мажите со храброст и визија сè уште можат сами да ја одредат својата судбина. Тие можат да изберат ропство или слобода, војна или мир. Не се сомневам што ќе изберат“, рече Труман.

Седумдесет и пет години подоцна, алијансата оваа недела ќе го одбележи моментот кога 12 сојузници потпишаа документ за да се посветат на трансатлантските односи и да се одговори на Советската закана за мирот и безбедноста во Европа.

Откако ја видоа железната завеса како го дели континентот, 12-те земји – Белгија, Канада, Данска, Франција, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави – се согласија со принципот на колективната одбрана, која и денес е во сржта на НАТО.

Вашингтон, април 1949, Американскиот државен секретар Дин Ачисон го потпишува Вашингтонскиот договор

Вашингтон, април 1949, Американскиот државен секретар Дин Ачисон го потпишува Вашингтонскиот договор

Наведен во член 5 од договорот за НАТО, принципот вели дека доколку една од земјите потписнички биде нападната, тоа ќе се смета за напад врз сите други потписнички.

За време на конференцијата, сигурно ќе се забележи дека членот 5 е активиран само еднаш, по терористичките напади на Соединетите држави на 11 септември 2001 година.

Иронично, при основањето на НАТО, САД беа едни од најскептичните кон договорот и членот 5.

Соединетите Држави, чија нуклеарна гаранција ќе му ја даде евентуалната сила на договорот, беа претпазливи за автоматско објавување војна бидејќи Уставот на САД му дава овластување само на Конгресот да објави војна, изјави за РСЕ историчарот на НАТО и професор на Воениот колеџ на американската армија Џон Дени.

Меѓутоа, Вашингтон го потпиша Пактот од Рио од 1947 година, кој обезбеди взаемна помош низ западната хемисфера, но немаше каква било воена обврска. Дени вели дека ова ја отвори вратата за пет европски партнери – Белгија, Франција, Луксембург, Холандија и Обединетото Кралство – да им пристапат на Соединетите Држави со цел европска колективна одбрана.

„Бевме неволни партнери. Ова беше замисла на Британците. САД сакаа економска преродба од Европа“, рече Дени.

Иако на американската јавност и беше кажано дека договорот е начин да се спротивстави на комунизмот, Дени рече дека „скриеното образложение“ за алијансата доаѓа од американската потреба за економска стабилност и успех во Европа.

Според зборовите на Труман, НАТО би бил „бедем кој ќе ни овозможи да продолжиме со вистинската работа на владата и општеството, бизнисот… за постигнување поцелосен и посреќен живот за сите наши граѓани“.

Дени рече дека настаните во 1948 година, пучот во Чехословачка и советската блокада на Берлин – ги предупредиле САД за влијанието на нестабилноста врз европската економија и „го промениле мислењето во Вашингтон“.

Но, договорот беше напишан „на начин на кој ние Американците инсистиравме“, рече Дени. Не бараше автоматско објавување војна и затоа доби силна двопартиска поддршка во Конгресот.

До почетокот на 1949 година, нацртот беше подготвен, а договорот беше потпишан на 4 април во Вашингтон на состанокот на шефовите на државите на 12-те земји основачи. Советскиот Сојуз беше известен дека Организацијата на Северноатлантскиот договор значи дека нејзините членови ќе застанат во заедничка одбрана.

Додека Вашингтон се подготвува да биде домаќин на Самитот на НАТО од 9 до 11 јули и да ги одбележи 75-те години на Алијансата, важноста на членот 5 и пресвртниците на НАТО беа на агендата на неколку тинк-тенк настани во главниот град на САД.

Некои говорници забележаа дека единството на НАТО беше ставено на тест на крајот на Студената војна, кога алијансата повеќе не се соочуваше со советската закана за која Макс Бергман, директор на Центарот за Европа на CSIS, рече дека е „основана да се фокусира“.

Други говорници потсетија дека некои креатори на политики и политичари тврдеа во тоа време дека НАТО повеќе не е потребен, додека други се залагаа за прилагодување на новиот светски поредок.
Филип Дикинсон, заменик директор на Трансатлантската безбедносна иницијатива при Атлантскиот совет, рече дека крајот на Студената војна доведе до „вистинска промена во положбата и целта на НАТО во светот“.

НАТО ја создаде својата програма Партнерство за мир во овој период, поканувајќи ја Русија во 1994 година да биде дел од неа, аранжман кој траеше 20 години, се до нејзината нелегална анексија на Крим во 2014 година. Следуваа два големи бранови на проширување по Студената војна, во 1999 и 2004 година, кога се приклучија неколку европски земји и Балтикот.

Алијансата подоцна се префрли на фокусирање на меѓународните операции, контратероризмот и управувањето со кризи. Сојузниците на НАТО, исто така, започнаа мировни мисии надвор од Северен Атлантик, вклучително и во Ирак и Косово. Покрај мировните активности, НАТО ја зголемува соработката со земјите надвор од Северен Атлантик, особено во Индо-Пацификот.

Четири од 35 земји-партнери на НАТО – Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, се поканети на настаните на Алијансата за индо-пацифичките закани на претстојниот самит. Освен Индо-Пацификот, поголемиот дел од другите 31 партнерски нации на НАТО доаѓаат од Источна Европа, Медитеранот и Блискиот Исток.

Сите членки и партнери на НАТО, освен суспендираните Авганистан, Белорусија и Русија, се поканети на самитот. Ова ја вклучува Грузија и покрај усвојувањето на она што многумина го нарекуваат проруски „Закон за странски агенти“ на 28 мај и Украина, која најверојатно ќе биде вклучена во следното проширување на НАТО.

Се очекува руската инвазија на Украина и новите регионални закани за НАТО да бидат главни теми на самитот, но исто така ќе биде јасно дека во своите 75 години Алијансата порасна за да преземе многу повеќе од советската закана, за што беше основана.

И покрај оваа еволуција, зборовите на Труман во 1949 година сè уште звучат вистинити: „Нашиот метод за постигнување меѓународно единство преку доброволно здружување на различни земји, посветени на заедничка кауза, е ефективен чекор кон воведување ред во нашиот проблематичен свет“.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Интернетот ја прави авантурата попривлечна од стабилната врска

Следно

Стотици Израелци се обидоа да стигнат до резиденцијата на премиерот Нетанјаху

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop