Студентско собрание: Државата мора итно да донесе мерки и решенија за спречување на одливот на млади во странство

July 6, 2024
1 min read

Тенденцијата кон пораст на емиграцијата на високостручни кадри, како и научен подмладок од одделни факултети, доведува до промени во квалитетот на работната сила и намалувањето на нивото на човечкиот капитал и негативни ефекти во развојот на економијата. Околу 2 500 високообразовани кадри, во период 2013-2021г, мигрираат од државата. Од државната каса просечно се одвојувале по околу пет милијарди денари и 44,7 милијарди денари вкупно за анализираниот период, укажуваа извештајот на Државниот завод за ревизија. Студентите треба да се вклучат во креирањето на сите политики, за да се здржат во земјава кои потоа ќе бидат дел од различни сектори, оценуваат младите. Потпретседателот на Универзитетското студентско собрание за Тв 24 вели дека со ваков ангажман и младите ќе имаат чувство дека прават нешто за подобрување на нивната иднина и за помрднување на работите од „мртва точка“. Најголемата демотивација за младите се наместени конкурси, апликации, непотизам и партизација.

„За да бидеме сигурни дека работите би се помрднале од мртва точка, кога ќе вклучат млади од било кој студентски форум или млади активисти, во тој момент ќе знаеме дека ќе работат за подобрување, а не само поставување на позиции за политики за млади преку било кој основ, непотизам, партиски..сите тие начини кога ќе се искоренат,кои за жал, ден денеска се случуваат.. Ако се смени сето тоа, ќе има промени, во најмала рака ќе се чувствува дека правиме нешто за да има промени“, вели Александар Ристоски-потпретседател на Универзитетско студентско собрание. 

Креаторот и уредникот на дигиталната студентска заедница „Студентарија“, потенцира,  со оглед на тоа дека Националната стратегија која била за периодот 2013-2020 година, откако изминала, државата не донела нова стратегија, младите ќе заминуваат.

„Младите ни заминуваат и си одат. Она што го стекнуваат тука како  искуство и она што државата го вложува во нив, понатаму тие го користат во други земји. Исклучително мал процент од тие кои државата ги пратила и платила да студираат во странство-се вратиле и она што го научиле таму да го искористат во нашата државата.Дополнително застрашувачко е што во ниту еден од овој случај не била активирана меницата, односно државата не преземала мерки според договорите што студентите ги потпишале пред да отидат во странство“, вели Гоше Николов-креатор и уредник на „Студентарија“.

Ревизорите, направиле и споредба на бројот на одобрени квоти за запишување на студенти во прв циклус на студии и запишани студенти во прв циклус на јавните високообразовни институции за периодот 2013-2023 година, каде се утврдени значителни разлики. Ревизијата добила одговор единствено од УКИМ дека има изготвено ваква анализа во 2019 година, во која е наведено дека одобрените квоти се нереални и високо поставени и потребно е истите да се намалат за околу 50%, бидејќи УКИМ со години не успева да ги пополни квотите од Конкурсот, што е уште еден показател дека недостасува анализа од страна на МОН.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во пренатрупаните италијански затвори годинава се самоубиле 50 затвореници и пет чувари

Следно

Стигнаа составите за дуелот Англија – Швајцарија: Саутгејт повторно со еден шпиц, Конса во стартните 11

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop