Во Албанија е уапсен поранешен министер за здравство, направил шема за крадење од фиктивни тендери

July 5, 2024
1 min read

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) денеска е уапсен поранешниот албански министер за здравство Илир Беќај.

Според обвинителството, Беќај додека ја извршувал функцијата директор на државната Агенција за стратешки програми позната како САСПАК, создал коруптивна шема со цел да профитира преку организирање фиктивни тендери. Покрај Беќај, уапсени се и двајца негови соработници, Ермал Кертулај и Алфред Најкола.

На тројцата судија во претходна постапка им одредил мерка притвор, на други две лица „домашен притвор“ а две лица ќе се бранат од слобода.

Против поранешниот министер Беќај и останатите осомничени СПАК подигна неколку обвиненија, почнувајќи од корупција, прикривање или непријавување богатство, повреда на еднаквоста на тендерите и измама. Беќај, додека ја водеше Агенцијата организирал најмалку осум тендери за услуги во рамките на два настани организирани во 2023 година, но реално тие не биле предмет на редовна постапка за набавка, туку победникот бил договорен и утврден многу порано а постапката за набавка била спроведена фиктивно заради документација и плаќање, додаваат медиуми повикувајќи се на СПАК.

Според истиот извор преку угостителски објект чиј фактички сопственик бил Беќај, но фигурирало друго лице, само во еден случај за одржување конференција потрошени биле 125.000 евра, а во друг за една вечера околу 40.000 евра. Постојат цврсти докази дека се вршело перење пари преку ресторанот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Посетата на Орбан на Москва ги налути европските претставници

Следно

„Израел нема да запре во Газа додека не ги постигне своите цели“, му рекол Нетанјаху на Бајден

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop