НА ЛОКАЛИТЕТОТ ТУМБА МАЏАРИ ОТКРИЕНА ФИГУРИНА СЛИЧНА НА „ГОЛЕМА МАЈКА“

July 4, 2024
1 min read

Фигурина од типот на „Голема Мајка“ е откриена на неолитскиот локалитет Тумба Маџари во Скопје и денеска беше промовирана. „Големата Мајка“, која датира од Младо камено време (неолит), VI милениум пред нашата ера (пред 8.000 години), беше откриена во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во 1981.

Овој локалитет, како што најави министерот Зоран Љутков, наскоро ќе биде прогласен за културно наследство и како дел од урбано Скопје повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам.

„Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура. Веќе е изготвен Елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет“, рече министерот Љутков и најави дека вгодина, ќе бидат зголемени минималните средства кои годинава се определни за поддршка на археолошките истражувања на локалитетот.

Археолошките истражувања на локалитетот годинава продолжуваат по 10-годишен застој. Раководителката на проектот, археологот Елена Стојанова-Канзурова, најави апликација за впишување на наодите од Скопскиот и од Пелагонискиот Регион од неолитскиот период на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

На локалитетот со години постојат нерешени имотно-правни односи, а и археологот кој со години работи тука нема решение за вработување туку е хонорарец. Министерот Љутков најави дека ќе се ангажира за решавање на овие проблеми.

А. АНТЕВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинците принудени на повлекување

Следно

Политичката напнатост во Франција ги загрозува ЛОИ во Париз

Latest from Blog

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една

Седлоски порача: Треба трпение, веќе не играме против Лихтенштајн и Андора, туку против Швајцарија, Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација синоќа загуби со 2:0 на гости во Љубљана од Словенија. Со овој резултат продолжи лошата низа на нашата репрезентација. Веќе 10 натпревари немаме победа, а повеќе од 600 минути

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација
Go toTop