САД: Повеќе од 26.000 луѓе евакуирани поради пожарите во Северна Калифорнија

July 4, 2024
1 min read

САКРАМЕНТО (АА) – Повеќе од 26.000 луѓе се евакуирани поради пожарите што избувнаа во регионот Бут во американската сојузна држава Калифорнија на почетокот на неделата, јавува Анадолу.

Регионалната канцеларија на шерифот соопшти дека пожарот избувнал на 2 јули во регионот Бут во Северна Калифорнија.

Во соопштението се наведува дека надлежните служби поради пожарот евакуирале повеќе од 26.000 луѓе од загрозените региони.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба поради пожарот што го гаснат неколку стотици противпожарни екипи.

Медиумската куќа Си-би-си јавува дека Одделот за шумарство и заштита од пожари објавило дека најмалку осум пожарникари биле повредени за време на гаснењето на пожарот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе донесат ли камерите поголема сообраќајна култура и безбедност?

Следно

Ердоган, Путин, Си, Алиев и други лидери на самитот на Шангајската организација за соработка

Latest from Blog

Флик го потврди новиот договор со Барса и коментираше за потегот на Јамал со палестинското знаме! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој повторно стана нов шпански шампион во неделата, денеска имаше средба со медиумите пред утрешното гостување кај Алавес. Каталонците ја освоија 29-тата титула во својата историја

Коњановски: Битола добива современ Центар за бокс и спортски активности

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во изградбата на новиот Центар за спорт и спортски активности, капитален објект кој е во завршна фаза и треба да обезбеди современи услови за

Тоневски: Почна обновата на улицата „Ленинов плоштад“ во Пробиштип

Во централното градско подрачје на Пробиштип во тек се активности за реконструкција на улицата „Ленинов плоштад“, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Во моментов се работи на отстранување на постојните бетонски
Go toTop