Израелскиот министер за одбрана: Договорот за размена на заробеници поблизок од кога било

July 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денес изјави дека Израел е „поблиску од кога било“ до постигнување договор за размена на затвореници со Палестинците, пренесува Анадолу.

Според израелскиот Канал 12, Галант им кажал на семејствата на заробениците држени во Газа дека договорот за размена на затвореници е „поблизок од кога било“.

Јавниот сервис на израелската армија КАН претходно соопшти дека израелскиот Кабинет вечерва ќе одржи седница на која ќе го разгледа одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Газа, кој вклучува и договор за размена на затвореници.

Медијаторите дадоа одговор од Хамас на предлогот кој ќе вклучува ослободување на заложниците држени во Газа и прекин на огнот на територијата.

Израел ги оценува забелешките и ќе го пренесе својот одговор на медијаторите, се вели во соопштението објавено од Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху во име на шпионската агенција Мосад.

Египет, Катар и САД со месеци се обидуваат да обезбедат примирје и ослободување на 120 преостанати заложници во Газа, но безуспешно.

Хамас вели дека секој договор мора да стави крај на војната и да донесе целосно повлекување на Израел од Газа. Израел, пак, тврди дека ќе прифати само привремена пауза во борбите и сака да стави крај на управувањето на Хамас.

Американскиот претседател Џо Бајден во мај објави план за примирје во три фази, кој вклучува постепено ослободување на израелските заложници држени во Газа и повлекување на израелските сили. Исто така, предвидува ослободување на палестинските затвореници и обнова на Газа.​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто бугарскиот про-руски претседател го бојкотира самитот на НАТО?

Следно

Ердоган и Ал Тани разговараа за израелските напади врз Палестина и заканите за Либан

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop