Видеото е хит на интернет: Во Тибет тепачка за „подобро место“ за слика со поглед на Монт Еверест

July 4, 2024
1 min read

Во Тибет се снимени две двојки како се караат и се тепаат за „подобро место“ за слика со поглед на Монт Еверест. Видеоснимката е хит на интернет-просторот.

Тепачката се случила минатата седмица, откако туристичкиот водич побарал од групата да позира заедно до споменикот на Еверест. Во тој миг избувнале судири меѓу двајца мажи и две жени од Кина за тоа – кој каде ќе застане, па вербалната расправија прераснала во тепачка, пренесува „Њујорк пост“.

На видеото се гледа како мажите се тепаат на земјата, една од жените се обидува да си го извлече мажот, а другата се вклучува во тепачката и го удира другиот маж. На местото на настанот пристигнала граничната полиција која ја прекинала тепачката. Не се знае дали некој од учесниците е повреден. Сите засегнати се приведени во полиција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: РОМАНЦИТЕ ИСПАДНАА ОД ЕУРО И ГИ ШОКИРАА СИТЕ – Погледнете во каква состојба ја оставија соблекувалната – УЕФА се огласи

Следно

Пробацијата може да ги растовари затворите, но прво треба да заживее

Latest from Blog

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На
Go toTop