Бугарија пред нови избори? Парламентот не го избра Желјазков за премиер!

July 3, 2024
1 min read

Бугарскиот Парламент денеска го отфрли предлогот за формирање нова влада, предложен од централнодесничарската партија ГЕРБ, што најверојатно ќе ја доближи земјата до нови избори, седми по ред во изминатите три години.

Партијата ГЕРБ, која освои првото место на изборите во јуни, има 68 пратеници во Националното собрание од вкупно 240 места.

ГЕРБ предложи Росен Желјазков, актуелниот претседател на Парламентот, да ја води новата влада наместо нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој претходно водеше три влади меѓу 2009 и 2021 година, кога неговиот трет кабинет поднесе оставка по масовните антикорупциски протести.

Иако Борисов се обиде да најде коалициски партнери во други помали партии, тој не успеа да обезбеди доволна поддршка.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев следниот мандат за формирање влада ќе го предаде на партијата Движење за права и слободи (ДПС), која според освоените гласови на изборите е на второ место.

Аналитичарите прогнозираат дека по неуспехот на првото гласање ќе биде тешко да се формира одржлива коалиција во овој Парламент и дека најверојатната опција е одржување нови избори, кои само ќе ја продлабочат политичката криза во најсиромашната земја-членка на Европска Унија.

Гледаме дека политичката криза продолжува. За нејзино решавање не е потребно само ставање настрана личните и партиските интереси. Тоа бара и адекватност. Она што го видовме денеска е дека личните напади доминираа над политичките тези, а фокусот беше повеќе на минатото отколку на сегашноста, истакна Радев откако пратениците ја одбија кандидатурата на Желјазков за премиер со мандатот доделен на ГЕРБ-СДС. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синот на Лепа Брена ослабе 70 килограми, еве како Виктор изгледа денес

Следно

Андоновски во Аргумент+: Притисоци за укинување на балансерот има – ДУИ не знае да се однесува во опозиција

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop