Повеќе од 100 загрозени јазици се додадени на Google Translate

July 2, 2024
1 min read

Компанијата Google објави дека додал 110 загрозени јазици на својата услуга Google Translate, вклучувајќи го сицилијанскиот дијалект на италијанскиот, ромскиот и бретонскиот јазик.

Околу четвртина од додадените јазици се од Африка, а сите 110 додадени јазици ги користат околу 614 милиони луѓе.

Регионалните јазици од Франција, вклучувајќи го и бретонскиот, кој се зборува во Бретања и окситанскиот, што се зборува на југот на Франција, се најдоа на листата.

Додадени се и сицилијански и венецијански дијалекти на италијанскиот јазик, како и севернолапонскиот јазик што се зборува во северните делови на Скандинавија.

Додаден е и ромскиот јазик, кој има многу дијалекти и го користат околу 4,6 милиони луѓе во Европа, пренесува euronews.com.

На списокот е и манксскиот јазик, говорниот јазик на Островот Ман, кој речиси исчезна откако последниот човек кој првично го зборувал починал во 1974 година.

Како што е наведено, преводот на овие јазици отстапува од класичниот, затоа Google користи вештачка интелигенција (ВИ) на која и се потребни многу податоци во форма на текстови од книги или написи. Меѓутоа, кога станува збор за ретките јазици, нема многу такви извори.

Во 2022 година, Google објави дека нејзината долгорочна цел е да изгради модел на вештачка интелигенција кој ќе поддржува 1.000 најкористени јазици.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ја нарекуваат турската Адријана Лима, а многумина велат дека е уште поубава: Во минијатурно бикини го покажа совршеното тело и ја оправда оваа споредба

Следно

Се преврте чамец на Златарско езеро во Србија, се трага по едно лице

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop