„Секојдневно пријави за лажни бомби, луѓе умираат поради недостиг на лекови, а Ковачевски единствено се грижи за гола власт и исполнување на наредбите на Ахмети“

February 9, 2023
1 min read

Оливер Спасовски и МВР пет месеци не може да откријат кој се поигрува со безбедноста и сигурноста на државата и граѓаните, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пет месеци граѓаните живеат во страв и паника, а Спасовски бега од одговорност и оставка. Во текот на вчерашниот ден пријавено е дека на електронските адреси на повеќе средни училишта, како и на МРТВ, Транспортниот центар, станбениот објект Џевахир Сити, ГТЦ, ТЦ Ист Гејт и Сити Мол се поставени екплозивни направи, а наместо пронаоѓање на сторотелите, МВР испрати бледо соопштение дека истите се лажни. Освен дека дојавите за бомби се хибриден напад, Спасовски ништо друго не презема и не одговара до каде е истрагата и кои си игра со безбедносниот систем на државата. Граѓаните се заложници на криминалната и неспособна влада на СДС и Ковачевски. Луѓе умираат како резултат на неспособноста на владата да обезбеди лекови, велат од партијата.

Од таму додаваат дека владата, Ковачевски и Спасовски не ги интересираат граѓаните, единствено ги интересира криминалот, богатењето и удобствата.

-Уште колку време му е потребно на Спасовски да открие кој испраќа лажни дојави за бомби? Што уште треба да се случи за Ковачевски да распише предвремени парламентарни избори? Доста е. Потребни се итни промени, стои во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одржана редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика- Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика

Следно

Евакуација на патници: Закана за поставена бомба на Софискиот аеродром

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска
Go toTop