Аеродромот „Истанбул“ собори дневен рекорд на патници кои го посетиле

July 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Аеродромот „Истанбул“ го посетиле 268.275 патници вчера (недела), соборувајќи го минатогодишниот рекорд по број на патници во еден ден, изјави денес турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, јавува Анадолу.

Уралоглу рече дека на 30 јуни, последниот ден од месецот, 205.721 патник пристигнале на аеродромот со меѓународни летови и 62.554 други со домашни летови.

„Оваа бројка е забележана како најголем број патници на сите времиња од отворањето на аеродромот ‘Истанбул’“, рече Уралоглу.

Министерот извести дека вкупниот сообраќај на авиони вчера бил 1.592, со 1.214 меѓународни летови и 378 домашни летови.

Уралоглу напомена дека претходниот рекорд е поставен на 2 јули 2023 година со 265.961 патник.

„Аеродромот ‘Истанбул’ секој ден соборува нов рекорд како доказ за неговата важност во светот како најзначаен центар за воздушно патување во светот и ние сме горди на неговиот зголемен успех“, додаде министерот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Махатир Мухамед: Цивилизацијата што е праведна веќе не постои

Следно

Државата си плаќа „казни“ за непотрошени кредити

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop