Донарума: Ќе направиме се за да го победиме Баерн

February 9, 2023
1 min read

Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума изрази разочарување по поразот од Марсеј со 1:2 во осминафиналето од Купот на Франција. Сепак, Италијанецот се надева на консолидирање на тимот и успешен настап против Баерн во Лигата на шампионите.

– Ја знаевме силата на Марсеј и очекувавме токму таков натпревар. Тоа е многу агресивен тим кој врши притисок. Деталите се важни. Разочарани сме и лути затоа што сакавме да го освоиме овој трофеј. Добро се подготвувавме цела недела и знаевме дека Марсеј ќе игра така. Но, сепак ни беше тешко да ја задржиме топката. Тоа е една од главните работи во кои треба да се истакнувате кога се соочувате со тим кој игра вака. Во вториот дел успеавме да одиграме подобро, но не можевме да ја промениме ситуацијата. Сега треба да ги кренеме главите и да размислиме за саботниот натпревар против Монако. Секоја натпревар има своја приказна. Во моментов треба добро да се подготвиме за натпреварот против Монако и потоа да размислуваме за Баерн, но секој натпревар има своја приказна. Знаеме дека темелно ќе се подготвиме за Лигата на шампионите. Ќе направиме се за да го поминеме  Баерн и да се пласираме во четвртфиналето, го цитира „Л’Екип’ Донарума.

Првиот натпревар од осминафиналната пресметка меѓу ПСЖ и Баерн ќе се игра на 14 февруари во Париз. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на опстојување на оваа власт се плаќа со човечки животи затоа мора веднаш да заминат!

Следно

Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије досега одзедоа 12.873 животи

Latest from Blog

Возел со 1,58 промили алкохол во крвта – уапсен ресенчанец 

На 13.05.2025 во 00.40 часот на ул.„Ленинова“ во Ресен, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен. При сообраќајна контрола било сопрено патничко

Ретроспективна изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на

КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ЗАБРАНИ ГОЛОТИЈА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ

Црвениот килим на Канскиот филмски фестивал е можеби најстрого контролираниот црвен тепих во светот. Сега, фестивалот додаде нова одредба: без голотија. Иако голотијата никогаш претходно не беше одобрена на фестивалот, Кан ја

СДСМ: Мицкоски ја води државата во провалија затоа Таравари ја напушти Владата

Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата

Израелски министер: Планот за иселување на Палестинците од Газа „сè уште на маса“

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен синоќа изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за дислокација на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“. Говорејќи за израелскиот јавен радиодифузер КАН, Коен
Go toTop