ПОЧИНА СЛАВНИОТ АЛБАНСКИ ПИСАТЕЛ ИСМАИЛ КАДАРЕ

July 1, 2024
1 min read

Исмаил Кадаре, албанскиот писател кој ги истражуваше културата и историјата на Балканот во своите дела повеќе од шест децении, почина од срцев удар на 88 години, објави неговиот издавач Бујар Худри.

Пишувајќи во сенката на владеењето на диктаторот Енвер Хоџа, Кадаре го испитуваше современото општество низ објективот на алегоријата и митовите во своите романи, кои ги вклучуваат „Генералот на мртвата војска“, „Опсада“ и „Палатата на сништата“. Неговата репутација продолжи да расте и по пребегнувањето во Париз непосредно пред распаѓањето на албанската комунистичка влада во 1990, бидејќи постојано му се навраќаше на регионот во своите дела.

Книгите на Кадаре се преведени на повеќе од 40 јазици и му донесоа серија меѓународни награди, вклучувајќи ја Букеровата.

Роден во Ѓирокастро во 1936, Кадаре ја објавил првата збирка поезија на 17 години. Студирал во Тирана и Москва, а по враќањето во Албанија во 1960 го објавил и првиот роман, кој набргу потоа бил забранет.

Три години подоцна му излезе романот „Генералот на мртвата војска“, кој не бил цензуриран, иако бил нападнат од домашните критичари затоа што немал врска со социјалистичкиот реализам, на кој инсистирал режимот на Хоџа.

Делумно заштитен од меѓународниот углед, Кадаре ги поминал следните 20 години движејќи се меѓу уметничкото изразување и опстанокот. Во 1981 го објавил романот „Палатата на сништата“, во кој го нападнал тоталитаризмот, па веднаш бил забранет. И покрај честите сопки, Кадаре бил важна личност во уметничкиот и општествениот живот на Албанија.

По смртта на Хоџа и првите реформи во земјата, Кадаре се нашол во немилост на безбедносните служби, па за да избегне апсење, пребегнал во Франција и побарал политички азил. Таму почнал подиректно да го напаѓа тоталитаризмот во своите дела. Во Тирана се врати во 2019 за отворањето на музеј на местото на неговиот некогашен стан.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе треба многу време пред данските Ф-16 да сменат нешто во Украина

Следно

Во следните месеци ќе се дефинира судбината на Де Брујне во Сити

Latest from Blog

Тоневски: Спортскиот дух нема години – честитки за одличниот успех на пробиштипските пензионери

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека пробиштипските пензионери кои учествуваа на Републичките спортски натпревари на пензионерите од Македонија. Претставниците на Здружението на пензионери од Пробиштип постигнаа одлични резултати, освојувајќи

Николоски: Македонија на чекор до историски рекорд од 4 милиони патници

Авиосообраќајот во Македонија продолжува да бележи значителен раст, а годинава бројот на патници на двата аеродроми би можел да достигне 4 милиони, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него,

(Видео) ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Се урна дел од зграда, спасувачки екипи на теренот

Рано утрово околу 5:40 часот се урнаа првите три ката од седумкатна станбено-деловна зграда во истанбулската населба Малтепе, предизвикувајќи масовна спасувачка акција и голема загриженост откако под урнатините се трага по преживеани.

(Видео) ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Се урна дел од зграда, спасувачки екипи на теренот

Рано утрово околу 5:40 часот се урнаа првите три ката од седумкатна станбено-деловна зграда во истанбулската населба Малтепе, предизвикувајќи масовна спасувачка акција и голема загриженост откако под урнатините се трага по преживеани.
Go toTop