Ќе треба многу време пред данските Ф-16 да сменат нешто во Украина

July 1, 2024
1 min read

„Има огромни очекувања од овие авиони. И ние веројатно ќе мора да бидеме пореалистични. Ф-16 секако ќе имаат влијание, меѓутоа нема да сменат нешто драстично. Ниту месецов, ниту во претстојните месеци,“ изјавува командантот на данските воздушни сили, Јан Дам.

Тој објаснува дека неопходно е долгогодишно градење на украинските воздушни сили, снабдување со правилна муниција и адаптирање на комплицирани воени мисии, пред авионите да бидат вистински ефикасни на военото поле.

„Мојата препорака за Украинците е да станат вистински добри во користење на овие авиони пред да почнат да ги изведуваат ризични мисии.

За ова разговарам и со првиот човек на украинските воздушни сили,“ објаснува Дам.

Генералот очекува дека авионите ќе имаат посебно силно влијание на кревање на моралот на Украинците, и дека новите пилоти ќе имаат основни вештини за  воздушни борби и ракетни напади на воздух-земја.

„Меѓутоа ним и понатаму ќе им треба многу обука во Украина. И може да трае месеци и години, пред тие да постигнат одлучувачки ефект,“ смета генералот.

Обуката за пилоти на Ф-16 трае меѓу три и четири години, наспроти нив е обуката што ја минуваат Украинците која е компресирана на шест до осум месеци.

До крајот на годината ќе бидат обучени 20 украински пилоти, плус некои си 100 Украинци за помошни задачи како механичари, експерти за оружје и персонал во воените бази. Од овие 100, првите 50 ја имаат завршено обуката и се вратени назад за да работат на подготовка на базите за пристигнување на првите авиони.

Процената на Дам е дека Ф-16 не се доволни за постигнување на воздушна доминација над Украина, туку за тоа треба општо поефикасна авијација и одбранбени системи од земја.

Дам потсетува на руската најава дека соборувањето Ф-16 ќе има највисок приоритет, што би било од огромно значење за руската пропаганда и моралот на војниците.

Данска првично планира да ги испорача своите Ф-16 во јануари, меѓутоа наидува на проблеми главно заради јазикот.

„Моравме неколку пати да ја промените и адаптираме нашата програма за обука. Делумно и затоа што познавањето на англискиот јазик кај украинските пилоти беше полошо отколку што очекувавме,“ изјавува Дам, кој објаснува дека заради тоа дел од пилотите се испратени на курс во САД пред да продолжат со обуката во Данска.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЈП ПОЦ минатата недела со санкции за 203 непрописно паркирани возила

Следно

ПОЧИНА СЛАВНИОТ АЛБАНСКИ ПИСАТЕЛ ИСМАИЛ КАДАРЕ

Latest from Blog

Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да

Нетанјаху: Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах е закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ја посети либанската територија окупирана од израелската армија, велејќи им на војниците дека Израел нема да се повлече од југот на земјата сè додека Хезболах, групата

Новаковски: Со Изборниот законик се поигруваме со години, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР стојат од 2008

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во гостувањето во „Топ Тема“ упати сериозни критики кон начинот на кој се менаџираат измените во изборното законодавство во Македонија. Според него, државата веќе

Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

ФОТО:facebook.com/Inter Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското
Go toTop