Венко Филипче нов претседател на СДСМ

June 30, 2024
1 min read

Венко Филипче е нов претседател на СДСМ.

Според информациите на ТВ 24 од СДСМ, Филипче освоил 8474 гласови, Јован Деспотовски 2291, а, Александар Бајдевски 868. Неважечки се 159 . Со огелд дека Славјанка Петровска остана на избирачкото ливче има освоено 172 . Со оглед дека на изборите гласаа 12 608 социјалдемократи, од запишаните 23 000, Филипче има повеќе од половина што значи дека изборот е во прв круг. 

Официјално резултатите се најавени за околу 22 часот. Веднаш по затворањето на избирачките места, Бајдевски реагираше на малаат излезност и порача дека тоа е поради немањето отчетен Конгрес и избрзаниот како што рече изборен процес. 

Деспотовски пак најави приговори и обвини дека над 10 000 социјалдемократи кои се регистрирале за гласање не можеле да гласаат.

Од СДСМ оценија дека процесот бил фер и демократски и кредибилен со помали неправилности, кои како што рекоа нема да влијаат на резултатите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Венко Филипче е нов претседател на СДСМ, вети реорганизација и заедништво

Следно

Грузиската бајка заврши, Шпанија се пласираше во 1/4 финалето на ЕП

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop