Грузиската бајка заврши, Шпанија се пласираше во 1/4 финалето на ЕП

June 30, 2024
1 min read

Шпанија со убедливи 4-1 ја совлада Грција и се пласира меѓу осумте најдобри на Европското првенство, Грузијците го завршија историското учество на континенталниот турнир.

Шпанците доминираа уште од самиот почеток, но Грузија прва дојде до водство. Во 18. минута Ле норманд си постигна автогол за водство од 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 39. минута кога Родри постигна гол за израмнување на 1-1. Со тој резултат се замина на полувремето.

По шест минути игра во вториот дел, по асистенција од Јамал, Фабио Руиз постигна гол за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1.

Во 31. минута Нико Вилијамс даде убав гол по една соло акција за предност од 3-1. Тука веќе беше јасно кој оди понатаму.

Точка на мечот стави Дани Олмо во 83. минута со убаво пласиран удар за конечни 4-1.

Шпанија во четвртфиналето ќе има мега пресметка против домаќинот Германија. Грузија може да биде задоволна од настапот на Европското првенство бидејќи ги надмина сите очекувања.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Венко Филипче нов претседател на СДСМ

Следно

Утре почнува Петровденскиот пост- еве колку време трае и што не треба да се јаде

Latest from Blog

Функционер во ОН предупредувал на глад во Газа, па останал без работа

Бенџамин Дејвис рече дека раководството на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) не сакало да му го продолжи договорот на позицијата директор на одделот за рурална трансформација и родова еднаквост, пишува „Гардијан“.
Go toTop