Најмалку 18 лица загинаа во напади на жени-самоубијци во Нигерија

June 30, 2024
1 min read

МАЈДУГУРИ (АА) – Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се повредени, од кои 19 тешко, за кои постои сомневање дека претставуваат координирани напади на жени-бомбаши самоубијци извршени денес во североисточниот нигериски град Гвоза, објавија локалните власти, пренесува Анадолу.

Баркиндо Саиду, генералниот директор на државната агенција за вонредни состојби во Борно, за новинарите изјави дека првата експлозивна направа била активирана за време на свадбена прослава околу 15 часот.

„Неколку минути подоцна се случила уште една експлозија во близина на Општата болница“, рече Саиду.

Третиот напад бил извршен за време на погреб на кој жената бомбаш-самоубиец била преправена во ожалостена. Меѓу убиените има деца и трудница.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите во градот Гвоза, сместен во државата Борно. Оваа нигериска држава беше тешко погодена од бунтот во 2009 година започнат од екстремистичка група Боко Харам.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелскиот амбасадор во Белград: Нема оправдување за терористички чин, безбедни сме во Србија

Следно

Црвен безбедносен аларм во Србија

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop