Израелскиот амбасадор во Белград: Нема оправдување за терористички чин, безбедни сме во Србија

June 30, 2024
1 min read

Амбасадорот на Израел во Србија Јахел Вилан денеска изјави дека нема оправдување за терористичкиот акт што се случи вчера во Белград, како и за какви било други напади, врз кое било население во кое било време и каде било во светот, јави дописникот на МИА од Белград.

По посетата на Ургентниот центар, заедно со потпретседателот на Владата на Србија и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, на повредениот припадник на жандармеријата Милош Јевремовиќ кој вчера беше застрелан во вратот пред Амбасадата на Израел во Белград, Вилан рече дека многу добро знае и разбира какви закани доаѓаат од тероризмот.

Тој истакна дека за него е исклучително важно да го посети повредениот жандарм и да изрази искрена благодарност во негово име, неговото семејство, вработените во амбасадата, како и Владата на Израел и народот на Израел, бидејќи како што додаде, сите тие многу добро знаат што значи тероризам.

Тој им се заблагодари на Владата на Србија, Министерството за внатрешни работи и полицијата што го обезбедуваат животот на сите граѓани и овозможуваат да се чувствуваат безбедно и сигурно 24 часа на ден, седум дена во неделата.

-Јас барем така се чувствувам четирите години колку што сум овде во секое време од денот или ноќта, нагласи Вилан и додаде дека и тоа ја потврдува храброста на жандарот Милош Јевремовиќ.

Тој ги покани сите Израелци да дојдат и да продолжат да ја посетуваат Србија, бидејќи, како што истакна, според него, Србија денес е најбезбедна земја.

Вчера шефот на израелската дипломатија Израел Кац се заблагодари на Владата на Србија за брзата реакција на „обидот за терористички акт“ врз израелската амбасада во Белград.

-Сакам да се заблагодарам на Владата на Србија и на оние кои беа вклучени во брзата реакција, за поддршката и соработката во врска со обидот за терористички напад врз израелската амбасада во Белград, при кој беше повреден српски жандар од терорист. На повредениот жандар му посакувам брзо закрепнување. Тероризмот не може да се толерира, напиша Кац на социјалната мрежа Х.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нојер собори рекорд на Швајнштајгер

Следно

Најмалку 18 лица загинаа во напади на жени-самоубијци во Нигерија

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на
Go toTop