Светов е вечен понављач

June 30, 2024
1 min read

Обединетите нации во предупредија дека само 17% од нивните 169 таргети за подобрување на животот на повеќе од 7 милијарди луѓе во светот се на пат да бидат исполнети до крајниот рок до 2030 година.

„Ова покажува дека светот добива неуспешна оценка“, заклучи  генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Пред 9 години светските лидери усвоија 17 широки развојни цели кои беа конкретизирани во 169 конкретни цели.

Речиси кај половина од таргетите има минимален или умерен напредок, но повеќе од една третина се во застој или уназадуваат. Само 17% се на пат да бидат реализирани.

„Нашиот неуспех да обезбедиме мир, да ги запреме климатските промени и да ги зајакнеме финансиските институции го кочи развојот“, вели Гутереш.

Во меѓувреме, како долгорочен ефект од пандемијата, дополнителни 23 милиони луѓе биле турнати во екстремна сиромаштија, а во 2022 година, над 100 милиони луѓе повеќе страдале од глад отколку во 2019 година.

Образованието стои лошо: само 58% од учениците ширум светот постигнале минимална умешност за читање до крајот на возраста за основно а неодамнешните тестирања откриваат значителен пад во резултатите од математиката и читањето во многу земји“.

И половата еднаквост стои лошо: една од пет девојки сè уште ја мажат пред да наполна 18 години, насилството врз жените продолжува, премногу жени немаат право да одлучуваат за своето сексуално и репродуктивно здравје – и според моменталните стапки, ќе бидат потребни 176 години за жените да постигнат еднаквост со мажите на раководни позиции.

Во добрите работи е ширењето на брзиот интернет кој сега е достапен за 95% од светската популација, за разлика од 78% во 2015 година а со големи 8,1% годишно, во последниве пет години се зголемува и глобалниот капацитет за производство на електрична енергија од обновливи

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од вторник повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Следно

Околу 62 % од светското население користи социјални мрежи

Latest from Blog

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери – за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во

Американскиот Балкански Трговски Центар направи ноќ за паметење во Чикаго

Американскиот Балкански Трговски Центар, (AБТC) на 2 октомври организираше елегантен и незаборавен Black-Tie Форум, во елитниот Union League Club во центарот на Чикаго, кој на едно место собра истакнати гости од светот

Ѓоковиќ против Медведев ќе игра за историја, квотите велат Русинот е фаворит

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, откако вчера го совлада Александер Зверев за 32-ра победа на 32-риот свој меч во Пекинг, денеска има нов предизвик, игра полуфинале со Данил Медведев и продолжува
Go toTop