Французите гласаат на клучните парламентарни избори

June 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Гласачите во Франција денес излегуваат на гласање за да ги изберат новите членови на парламентот во период кога земјата се наоѓа на клучна политичка крстосница, известува Анадолу.

Повеќе од 49 милиони регистрирани Французи ќе гласаат за избор на 577 членови на Националното собрание, долниот дом на парламентот, на петгодишен мандат.

Избирачките места беа отворени во 08:00 часот (6:00 часот по Гринич) и ќе останат отворени 12:00 часа.

Францускиот претседател Емануел Макрон го распушти парламентот и најави предвремени избори откако екстремно десничарската партија Национален сојуз (НС) освои повеќе од 31 % од гласовите на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, победувајќи го неговиот блок.

Националните парламентарни избори ќе се одржат во два круга, а вториот круг ќе се одржи на 7 јули.

За победа на изборите потребни се најмалку 289 пратенички места за да се обезбеди мнозинство во Националното собрание.

На кандидатите им е потребно да освојат мнозинство од најмалку 50 % во нивната изборна единица за да бидат избрани во првиот круг, а излезноста притоа мора да биде најмалку 25 %.

Во вториот круг нема да се квалификуваат кандидати кои ќе освојат помалку од 12,5 % од гласовите на запишаните избирачи.

Во моментов во Франција на сцената доминираат три главни сојузи: Сојузот на НС и републиканците, „Заедно за Републиката“ и левичарскиот „Нов народен фронт“.

Макрон изјави дека има намера да остане претседател на Франција до следните претседателски избори во 2027 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Киров: И благодариме на Албанија што создаде услови Бугарите слободно да се изјаснат

Следно

Од вторник повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Latest from Blog

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери – за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во

Американскиот Балкански Трговски Центар направи ноќ за паметење во Чикаго

Американскиот Балкански Трговски Центар, (AБТC) на 2 октомври организираше елегантен и незаборавен Black-Tie Форум, во елитниот Union League Club во центарот на Чикаго, кој на едно место собра истакнати гости од светот

Ѓоковиќ против Медведев ќе игра за историја, квотите велат Русинот е фаворит

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, откако вчера го совлада Александер Зверев за 32-ра победа на 32-риот свој меч во Пекинг, денеска има нов предизвик, игра полуфинале со Данил Медведев и продолжува
Go toTop