Генерал-потполковник Ѓурчиновски во посета на НАТО корпусот за брзо распоредување во Солун

June 28, 2024
1 min read

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе ја посети командата на НАТО корпусот за брзо распоредување со седиште во Солун.

За време на престојот, Ѓурчиновски ќе оствари средба со командантот на НАТО корпусот, генерал-потполковник Атанасиос Гаринис, по што делегацијата ќе има работен состанок со клучниот штабен персонал на НАТО корпусот.

На состанокот меѓу генералите Ѓурчиновски и Гаринис, како што е најавено, ќе се разговара за досегашната воена соработка и можностите и облиците за понатамошни заеднички активности со НАТО корпусот.

Од  Генералштабот на Армијата потсетуваат дека пристапувањето во овој НАТО корпус за брзо распоредување се реализираше во 2023 година, по претходно потпишување на договор за пристапување, со што, како што наведуваат, отпочнавме со учество со еден штабен офицер. На досегашните средби на генералот Ѓурчиновски со командантите на корпусот беа разгледувани можностите за користење на капацитетите на АП „Криволак“ и заедничка обука и вежбовни активности.

– Активна воена соработка Армијата остварува и со НАТО корпусот за брзо распоредување со седиште во Италија, а преку вклучувањето во активностите на овие сили го зголемуваме нашиот придонес во јакнење на колективната сигурност и ги подобруваме нашите способности, обученоста и интероперабилноста при ангажирање во НАТО предводените операции, информира Генералштабот на Армијата.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дебата Бајден – Трамп

Следно

Дебакл на Џо Бајден, Демократите во паника

Latest from Blog

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа

Денеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка

ФОТО:facebook.com/nfsbih/ Денешниот ден ќе ни понуди исто така три супер интересни натпревари од 1/16 финалето на тековното Светско првенство. БиХ игра против САД и секако дека со нетрпение го чекаме тој меч

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа
Go toTop