Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ќе нѐ претставуваат на Детската евровизија

June 27, 2024
1 min read

По одржаната аудиција, Македонската радио-телевизија, ги избра Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски за претставници на Република Северна Македонија на годинашниот „Јуниорски евросонг“. Музичкиот натпревар ќе се оддржи на 16 номеври во Мадрид, Шпанија, информираат денеска од МРТ.

– Ана и Алексеј со извонреден талент и хармонични гласови го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности што никого не оставаат рамнодушен, наведуваат од МРТ.

Двајцата се родени во Битола, учествувале на голем број музички фестивали.

– Таа е родена на 3 мај 2010 година, извонредно талентирана млада пејачка која веќе се прослави со учество и освоени први места на голем број музички фестивали. Нејзиниот моќен глас и неверојатни изведби ги воодушевуваат публиката и судиите, прикажувајќи ветувачка иднина во музичката индустрија. Посветеноста и природниот талент на Ана, ја прават извонреден изведувач и инспиративен млад уметник. Годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија на престижниот меѓународен фестивал „Сан Ремо јуниор“ Италија. Покрај музичкиот успех, Ана е посветен ученик и добитник на бројни државни награди по математика, физика и француски јазик и е вклучена во реализација на многу проекти, се додава во соопштението до јавноста.

Алексеј е роден на 7 декември 2011 година.

– Тој е исклучително талентиран млад пејач, кој учествувал и победил на бројни музички фестивали. Неговиот волшебен глас и импресивно сценско присуство го издвојуваат, правејќи го истакнат изведувач со светла иднина во музичката индустрија. Алексеј е активен на бројни општински, регионални и државни натпревари по предметите математика, англиски и француски јазик, од каде има освоено голем број први места. Сака да плива, да шета во природа и да се дружи. Тој многу ги сака животните и дел од своето време посветува на грижата за нив, пишува во соопштението.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо има зошто да биде разочаран, ова му се случи прв пат во кариерата

Следно

Црна Гора: Се отвора првата плажа за жени со хиџаб, за другите пристапот забранет

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop