(ФОТО) Дојави за бомби во МРТВ, Железничка, „Џевахир“, три трговски центри и 12 школи

February 8, 2023
1 min read

Ова е третпат од почетокот на годинава да има дојави за бомби во земјава

Во „Џевахир сити“ полицијата веќе е на терен и во тек се проверките, станарите се надвор од зградите / Фото: 360 степени

Нови дојави за бомби денеска пристигнале во училишта во Скопје, но и во три трговски центри, Транспортниот центар (Железничката станица), комплексот „Џевахир сити“ и МРТВ.

Антитерористичките проверки се во тек.

„Денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, ‘Џевахир сити’, ТЦ ‘Ист гејт’, ТЦ ‘Сити мол’ е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,

соопштија од МВР.

Ова е третпат да има дојави за бомби од почетокот на 2023 година. Првпат имаше дојави на 3 февруари за во десет училишта во Скопје, а вторпат дојави беа испратени вчера во 47 основни и средни училишта.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Киев добил понуда да купи воени дронови за 1 долар

Следно

Од под урнатините спасен маж 59 часа по земјотресите во Туркије

Latest from Blog

Косовскиот парламент евакуиран поради добиена безбедносна закана

Зградата на Собранието на Косово денеска беше евакуирана по наредба на обезбедувањето, непосредно пред почетокот на 42-то продолжение на конститутивната седница. Пратениците кои беа во салата веднаш заминаа од парламентот, додека во
Go toTop