Убиени сестрата и членови на семејството на шефот на Хамас во израелски напад врз Газа

June 25, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Членови на семејството на Исмаил Ханије, шеф на групата Хамас, вклучително и неговата сестра, се убиени денес во израелски воздушен напад врз нивниот дом во западниот град Газа, јавува Анадолу.

Според медицински извори, најмалку 10 лица од семејството Ханије биле убиени во израелскиот воздушен напад врз нивниот дом во бегалскиот камп на брегот, во западниот дел на градот Газа.

На 10 април Ханије изгуби тројца од своите синови во израелскиот воздушен напад врз нивниот автомобил.

Други израелски воздушни напади беа насочени кон две училишта што се користат како засолништа во населбата Ал-Дараџ, во источниот дел на градот Газа и во бегалскиот камп на брегот, и има голем број жртви.

Здравствените власти допрва ќе ги потврдуваат бројките на загинатите и повредените лица.

Во меѓувреме, тимовите за цивилна одбрана во бегалскиот камп Ал-Магази, во централниот дел на Појасот Газа, извадија пет тела, меѓу кои три деца, една жена и еден маж од под урнатините на домот уништен од израелски воздушен напад.

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници, започната по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Појасот Газа се убиени повеќе од 37.600 Палестинци, повеќето жени и деца, а околу 86.100 се ранети.

Повеќе од осум месеци по почетокот на израелските напади големи делови од Појасот Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна одлука им нареди на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Денеска е Преподобен Онуфриј Велики

Следно

Макрон: Победата на крајната левица или десницата може да предизвика граѓанска војна

Latest from Blog

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа

Денеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка

ФОТО:facebook.com/nfsbih/ Денешниот ден ќе ни понуди исто така три супер интересни натпревари од 1/16 финалето на тековното Светско првенство. БиХ игра против САД и секако дека со нетрпение го чекаме тој меч

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа

(Видео) РЕКИ ОД ЛАВА НА ПАДИНИТЕ НА СИЦИЛИЈА – Еруптираше Етна, најголемиот вулкан во Европа

Најактивниот вулкан во Европа, Етна на Сицилија, повторно еруптираше, создавајќи спектакуларна глетка од реки од уштена лава кои течат низ неговите падини. Според извештаите на Би-Би-Си и италијанскиот Национален институт за геофизика
Go toTop