Папата Франциск со порака за солидарност со погодените од земјотресот во Туркије и Сирија

February 8, 2023
1 min read

ВАТИКАН (АА) – Католичкиот духовен лидер и претседател на Ватикан, папата Франциск, упати апел за солидарност со погодените од Туркије и Сирија во земјотресите со епицентар во Кахраманмараш и со интензитет од 7,7 и 7,6 степени, пренесува Анадолу.

Папата Франциск во Ватикан говореше за земјотресот кој се случи во Туркије и кој беше почувствуван во поширокиот регион, вклучувајќи ја и Сирија.

„Сега моите мисли се со народот на Туркије и Сирија кои се сериозно погодени од катастрофалниот земјотрес кој предизвика смрт и повредување на илјадници лица. За нив се молам со силни емоции“, рече Папата.

Тој упати апел до сите да покажат солидарност со зоните погодени од земјотресот против оваа катастрофа.

Папата Франциск, исто така, упати благодарност до хуманитарните работници кои се соочуваат со различни потешкотии, како лоши временски услови и сериозни штети на патиштата и се обидуваат да спасат животи во овие тешки услови.

Папата Франциск нагласи и дека не треба да се заборави и војната која сѐ уште се води во Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НА 104 ГОДИНИ ПОЧИНА БРАНКА ВЕСЕЛИНОВИЌ, НАЈСТАРАТА АКТЕРКА НА СВЕТОТ

Следно

Арсовска: Се собраа куп мажи да ме сменат од ЗЕЛС, но тоа не ме обесхрабри

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop