Силното невреме нанесе големи штети во тетовско и скопско, нестабилно време се очекува до петок

June 24, 2024
1 min read

Силното невреме кое синоќа ги опфати Тетово и Скопје предизвика големи материјални штети. Поплавени куќи, подруми,улици и патишта заглавени коли под подвозници, искрши дрвја и коли, паднати билборди и откорнати семафори.

Во Скопје ограда од мост падна врз автомобили. И ден после невремето кое што го зафати Тетово и Скопје службите на терен ги расчистуваа штетите. Во ценатор за Управување со кризи изминатово деноноќие добиле близу 3000 повици од граѓани за помош од невремето.

„Паднати бандери, скинати кабли на кабелски оператори за интернет и за телевизија но, исто така и електрични кабли. Одредени бандери не издржаа налетот на ветерот, особено таму каде што имаше голем интензитет на пример овде каде што се наоѓаме еве и оваа бандера која што не издржала налет на невреме во Скопје.“ – велат од Центар за управување со кризи Илија Бојаровски.

Од управата за хидрометеролошки работи велат нестабилното време ќе продолжи до петок, а веќе стабилизација се очекува викендов.

„Што се однесува до времето во следните денови без промени се до петок, значи до крајот на оваа работна недела во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи и локално и натаму процесите ќе бидат во форма на невреме со поинтензивен проен дожд силен ветер и појава на град. Температурите сосема благо ќе опаѓаат. Стабилно време се очекува во деновите од викендот.“ – вели Ленче Ризова од УХМР.

Големото невреме најсилно го погоди тетовско Сиричино. Земјоделците велат дека земјоделското производство е уништено за 100 отсто.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американски товарен авион слета во Израел откако Нетанјаху го критикуваше одложувањето на испораката на оружје од САД

Следно

Не можеш против стадото, макар тоа било и научничко

Latest from Blog

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај
Go toTop