„Петнаесет полицајци и четири цивили загинаа во напади во Дагестан“, соопшти рускиот Истражен комитет

June 24, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Истражниот комитет на Русија објави дека 19 лица, од кои 15 полицајци и четири цивили, ги загубиле животите во вооружените напади извршени вчера во градовите Махачкала и Дербент во регионот на Дагестан, известува Анадолу.

Во соопштението на Истражниот комитет дадени се информации за нападите насочени кон полициска станица, синагога и две цркви во градовите Махачкала и Дербент во руската автономна Република Дагестан.

Истражниот комитет објави дека продолжува истрагата за терористичкиот акт и кражбата на оружје, истакнувајќи:

„Според првичните сознанија, животот го загубија 15 полицајци и четири цивили, меѓу кои и православен свештеник. За време на сузбивањето на вооружениот напад убиени се пет лица. Утврден е нивниот идентитет. Продолжуваат напорите за идентификација на другите лица инволвирани во инцидентот.“

– Вооружен напад во Дагестан

Руското Министерство за внатрешни работи вчера објави дека неидентификувани вооружени лица извршиле напад во градовите Махачкала и Дербент.

Во соопштението беше наведено дека цел на нападите биле полициска станица, синагога и две цркви, додавајќи дека во нападите животот го загубиле шестмина полицајци и еден свештеник, а 12 биле повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 1 јули: Грција воведува 6-дневна работна недела!

Следно

Извештај вонреден надзор: Новороденчето од Ресен починало од неразвиени бели дробови

Latest from Blog

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако
Go toTop