Од 1 јули: Грција воведува 6-дневна работна недела!

June 24, 2024
1 min read

Од јули, работниците во Грција ќе работат шест дена во неделата, особено во одредени индустрии, како и бизниси што работат 24/7. Новиот закон им овозможува на работодавачите да бараат од своите вработени да работат шест дена неделно, исплаќајќи им 40% од редовната дневница за прекувремената работа. Работниците немаат право да одбијат да работат подолго, што според експертите по трудово право, претставува чекор назад за работничките права во Грција, бидејќи многу земји веќе воведуваат четиридневна работна недела.

Грчката влада го оправдува новиот закон со зголемените проблеми на пазарот на труд поради недостигот на работна сила, овозможувајќи им на работодавачите да го максимизираат користењето на вработените што веќе ги имаат. Новите правила, според владата, ќе ја поедностават администрацијата, ќе ги намалат пробните периоди на шест месеци и ќе овозможат дополнително плаќање за прекувремената работа.

Согласно актуелните грчки закони, работникот треба да работи 40 часа неделно, но шефот може да наложи до два часа дневно неплатена прекувремена работа, со обврска тие часови да се надокнадат со слободно време и годишен одмор. Лани, Грција ја укина петдневната работна недела во секторите за туризам и угостителство.

Евростат известува дека Грците во просек работат 41 час неделно, а со минимална плата од 830 евра, Грција е на 15-то место меѓу членките на Унијата. За разлика од Грција, некои земји од ЕУ веќе воведуваат четиридневна работна недела.

Овој нов закон ги поставува работниците во позиција каде што мора да прифатат подолги работни часови без можност за одбивање, што го комплицира животот на многу семејства и го предизвикува балансот меѓу приватниот и професионалниот живот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Актер од „Пиратите од Карибите“ убиен од ајкула

Следно

„Петнаесет полицајци и четири цивили загинаа во напади во Дагестан“, соопшти рускиот Истражен комитет

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop