Борел: Клучно е спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград и Приштина и усогласување со политиката на ЕУ

June 22, 2024
1 min read

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел вчера по разговорите со шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ во Австрија, изјави дека усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград и Приштина се клучни за интеграција на Србија во тој блок.

Борел во објавата на платформата Икс наведува дека имал добра и конструктивна средба со Ѓуриќ и и се заблагодари на Србија за нејзиниот „вреден придонес“ во мисиите и операциите на Заедничката одбранбена и безбедносна политика на ЕУ.

Како што соопшти претходно денеска Министерството за надворешни работи на Србија, Ѓуриќ во разговор со Борел во Гетвајг, Австрија, рекол дека членството во Европската унија е стратешка определба и приоритет на надворешната политика на Србија.

На средбата, одржана по состанокот на министрите за надворешни работи на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ и партнерите од Западен Балкан, Ѓуриќ истакна дека Србија ги споделува европските вредности и се залага за нив, како и дека сака да придонесе за мирот, стабилноста и просперитетот на Европа.

Ѓуриќ посочи дека Белград е целосно посветен на дијалогот со Приштина под покровителство на ЕУ, оценувајќи дека во овој момент е потребно, пред се, да се обезбеди безбедноста на српското население и без натамошно одлагање да се спроведат сите обврски од досега постигнатите договори, соопшти Министерството.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мартинез: Роналдо е во португалската репрезентација затоа што тоа го заслужува

Следно

Јужна Кореја, Јапонија и САД се договорија за блиска безбедносна соработка по средбата на Путин и Ким Џонг-ун

Latest from Blog

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата
Go toTop