Македонска државјанка загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа во Грција

June 21, 2024
1 min read

Македонска државјанка загина, а уште три се потврдени, од кои една е хоспитализирана во солунска болница во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун. Во болницата во Верија со полесни повреди е пренесен и 74-годишен маж, возач на вториот автомобил.

“Информираме дека во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на Автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот. Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата. Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани. Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома”, велат од МНР.

Поради сообраќајната несреќа околу еден час беше затворен делот од автопатот кон Солун, каде што се случи несреќата, а причините засега се непознати.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КАКО ДУШКО И ЈЕЛЕНА ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ ИМОТОТ? Во брак се стекнале со милиони, а имаат и вили

Следно

Еден момент помеѓу Вилијам и Кејт го привлече вниманието на јавноста и откри каква е нивната врска

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop