ОЛАФ откри измама со пари од ЕУ во вредност повисока од милијарда евра

June 21, 2024
1 min read

Истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) откри дека повеќе од милијарда евра од парите на даночните обврзници на ЕУ треба да се вратат бидејќи биле злоупотребени. Инспекторите открија и измама со 209 милиони евра пред тие пари да бидат неоправдано потрошени, објави ОЛАФ.

Покрај откривањето на фондовите на ЕУ кои завршија во погрешни раце, ОЛАФ ги следеше трагите на шверцери, фалсификатори и царински измамници, помогна во спроведувањето на трговските мерки и санкции на ЕУ за поддршка на Украина и продолжи да развива политики за спречување и борба против измамите.

ОЛАФ, исто така, истражуваше сомневање за недолично однесување од страна на персонал или членови на институциите на ЕУ.

Резултатот од истрагата во 2023 година е препорака да се вратат 1,04 милијарди евра во буџетот на ЕУ, како и да се спречи неоправдано трошење на 209,4 милиони.

Во набљудуваната година, ОЛАФ затвори 265 истраги и издаде 309 препораки до националните и властите на ЕУ, а по повеќе од илјада прелиминарни анализи од страна на експертите на Канцеларијата, отвори 190 нови истраги. Исто така, препрати 79 случаи со можни кривични дела до Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО).

Генералниот директор на ОЛАФ Вила Итала рече дека 2023 година беше година на борба против измамите на сите фронтови и дека Канцеларијата работеше заедно со партнерите во многу случаи за да помогне во заштитата на финансиските интереси на ЕУ, нејзините граѓани, економијата и владеењето на правото. Предмет на истрагата биле   манипулации во јавните набавки, судир на интереси и напумпани фактури, соопшти ОЛАФ.

Се додава дека продолжил трендот на зголемување на бројот на измами и неправилности во дигитална форма. Истрагите  ги покриваат сите области на расходите на ЕУ, од регионално финансирање до земјоделство и истражување.

ОЛАФ, кој оваа година ја слави својата 25-годишнина, минатата година го координираше и новиот акционен план на Европската комисија за стратегија за борба против измами. Таа канцеларија истражува во сите земји-членки на ЕУ и трети земји, а меѓу нејзините партнери се и меѓународните организации.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шумски пожари на грчкиот полуостров Пелопонез: Гаснењето го отежнуваат температурите од 40 степени и ветерот

Следно

Сообраќајка на патот Прждево кон Демир Капија, сообраќајот во целосен прекин

Latest from Blog

Трамп: Куба бара помош

Тој ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social пред неговата посета на Кина оваа недела. „Никој од републиканците никогаш не ми ја спомнал Куба, а тоа е неуспешна земја која

Првиот ФИФА терен во Македонија свечено пуштен во употреба во Босилово

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање
Go toTop