Ердоган: Цел ни е во 10 области, за година дена да спроведеме масовна изградба на станбени единици

February 8, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА)

Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган по пристигнувањето во Кахраманмараш, турската област која ја се наоѓаа епицентрите на два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени, имаше свое обраќање во врска со шаторската населба поставена на стадионот „12 Февруари“, известува Анадолу.

Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање рече: „Во моментов бројот на загинати од земјотресите изнесува 8.574. Повредени се 49.133, а бројот на срушени згради изнесува 6.444.“

Во врска со состојбата на теренот и условите во кои се наоѓаат настраданите, претседателот Ердоган истакна:

Нашите граѓани не треба да се загрижени. Никогаш нема да дозволиме да останат на улица.“

Во продолжение Ердоган рече дека главна цел на Туркије е во 10 градови погодени од земјотресите, каде е доживеана катастрофа, за година дена да започне спроведување на масовна изградба на станбени единици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Момче од Сирија се снималo со мобилен телефон под урнатините: Не знам дали ќе умрам

Следно

Огорченост поради францускиот магазин „Шарли Ебдо“, кој ја исмејува Туркије по земјотресот

Latest from Blog

По 14 денови прекината блокадата на РТС

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на социјалните мрежи објавија дека ја прекинале блокадата поради исполнување на барањето за

Американската морнарица загуби борбен авион Ф-18 од носачот „Хари С. Труман“ во Црвеното Море

ХАМИЛТОН (АА) – Американски борбен авион Ф-18 и возило за влечење од носачот на авиони „Хари С. Труман“ паднаа во водите оперирајќи во Црвеното Море, соопшти денес американската морнарица, пренесува Анадолу. „УСС

Кривични против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против поранешните вработени во МВР – В.В. и В.Н. за кривично дело

Јаќимовиќ во Аргумент плус: Додик не избега во Русија, таму е на покана на Путин

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Драган Јаќимовиќ во Аргумент плус рече дека Милорад Додик не избегал во Русија туку таму е на покана на рускиот пчретседател Владимир Путин. Според него,

Кирил Лазаров објави список со 35 ракометари (ФОТО)

Македонскиот ракометен селектор Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за последните две квалификациски кола од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. На списокот на Лазаров има 35
Go toTop