Борел со препорака за укинување на мерките за Косово

June 19, 2024
1 min read

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел им препорача на земјите-членки на ЕУ укинување на казнените мерки против Косово, јави Радио Слободна Европа повикувајќи се на извори запознаени со содржината на документот.

Истите извори потврдуваат дека Борел таа препорака ја засновал на фактот дека Косово презело чекори кон исполнување на барањата на ЕУ изразени во соопштението од 3 јуни 2023 година.

Амбасадорите на земјите од ЕУ ќе разговараат за овој документ денеска. Изворите на РСЕ нагласуваат дека дискусијата на амбасадорско ниво ќе зависи од тоа како ЕУ ќе постапи по тоа прашање.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Путин и Ким Џонг Ун договориле меѓусебна подршка во случај на „агресија“

Следно

Израелците протестираат во Кнесетот со барање за предвремени избори и крај на војната во Газа

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop