ОЈО Скопје отвори истрага против пет лица за масовната тепачка на Ургентен

June 19, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека вчера, пред Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице, информираат од ЈОРМ.

Полицијата вчера информираше дека привела десет лица, меѓу кои тројца малолетници, поради физичка пресметка поради нарушени меѓусоседски односи која настанала на подрачјето на Карпош, а потоа продолжила и на Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

– По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син. Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв, се вели во соопштението од ЈОРМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото. Тие се осомничени дека заедно сториле кривично дело „насилство“ според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јужна Кореја прогласи „демографска вонредна состојба“

Следно

Пентагон сред пандемија терал тајна кампања против вакцинирање за ковид

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop