Легенда на Борусија Дортмунд го презеде тимот

June 14, 2024
1 min read

Германскиот тим Борусија Дортмунд и официјално го назначи својот поранешен фудбалер Нури Сахин за тренер.

Триесет и пет-годишниот поранешен играч од средниот ред го наследува Еден Терзиќ, кој минатата сезона го предводеше тимот од Вестфален до финалето во Лигата на шампионите.

Лично двајцата спортски директори на „жолто-црните“ – Ларс Рикен и Себастијан Кел, го објавија назначувањето на Шахин, кој парафираше договор со клубот до летото 2027 година.

-За мене е голема чест да бидам тренер на Борусија Дортмунд. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот што ме избраа мене. Се радувам на мојата работа во клубот. Од првиот ден ќе дадеме се од себе и ќе ја вложиме целата наша енергија и страст за да постигнеме максимален успех, изјави Нури Шахин.

Турчинот одигра 274 натпревари и постигна 26 гола за Борусија Дортмунд во текот на неговата професионална кариера. Тој беше шампион со клубот во 2011 година, а шест години потоа го освои и Купот на Германија.

Од 2021 до 2023 година беше тим менаџер на Анталијаспор, а во 2024 година се врати во Дортмунд како помошник тренер. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи гласаше против собраниските комисии, лут зошто Лукаревска ја „доби“ финансирање и буџет

Следно

Членките на НАТО договориле план за координирање на безбедносната помош и обука за Украина

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop