Успешен ден пред Ракот, Лавот да не се надева на нови зделки

June 14, 2024
2 mins read

ОВЕН

Денеска сте напнати и раздразливи поради разговор кој ќе ве принуди да ги промените плановите. Ќе ја постигнете целта, доколку ја сочувате спокојноста. Ризичните деловни потфати се неуспешни. Не е препорачливо да патувате, бидејќи сте расеани и ќе си навлечете во неволја.

БИК

Бидете внимателни и претпазливи во комуникацијата со колегите и не се расправајте со нив. Заштитете се од сериозен конфликт предизвикан од деловни проблеми кои се појавуваат во текот на денот. На работното место ви е тешко да се концентрирате на обврските, а овој факт води до идни проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Побарајте компромис во односите на работното место за да не го изгоните успехот од вашиот пат. Не се лутете поради неблагодарноста, затоа што имате искуство и знаете дека тоа е вообичаено. Анализирајте што се случува на вашето работно место. Обидете се да извлечете максимум од тоа за себеси.

РАК

Пред вас е успешен ден. На работното место ќе го наметнете вашето мислење и ќе добиете поддршка поврзана со вашите нови планови. Не создавајте непотребна тензија меѓу колегите и подредените. Не го наметнувајте своето мислење за да не ја расипете вашата врска. Избегнувајте конфликт со водството.

ЛАВ

Не се надевајте на нови деловни зделки. Контролирајте ја емоцијата што ви штети при водење деловни разговори. Завршете ги вашите работни задачи. Вашата искреност на работното место ќе ја заслужи почитта од колегите. Стабилизирајте го вашиот авторитет.

ДЕВИЦА

Завршете ги задачите што ги започнавте на крајот од минатата седмица. Ќе ги надминете пречките на патот до успехот. Деловните состаноци и познанства ќе бидат, исто така, корисни во иднина. Во вашиот живот ќе се појави влијателен покровител. Вооружете се со тактичност и способност да го слушате вашиот соговорник.

ВАГА

Неочекувано известување ќе ги промени вашите планови за овој ден. Способни сте да се справите со проблемите ако не дозволите вашите субјективни проценки да ве попречат. Не претерувајте со потрагата по моќ на работното место и не ги понижувајте колегите со постојани критики и иронија.

ШКОРПИЈА

Состаноците, дури и деловните, договорени од колегите преку состанок на вашето работно место може да испаднат разочарувачки. Не подлегнувајте на понуди за ризични инвестиции доколку немате финансиска стабилност. Попладне сте во одлична форма и покрај напнатоста. Одлично работите на вашите задачи.

СТРЕЛЕЦ

Ќе се соочите со проблеми кои се предизвикани од вашите грешки и неподготвеноста да прифатите совет од колегите. Тешкотиите може да се надминат со тактичност и трпение. Бидете внимателни во сè. Доколку е потребно, водете ги вашите деловни состаноци и разговори. Со задоволство комуницирате.

ЈАРЕЦ

Започнете да ги разјаснувате односите со вашите колеги. Замор и напнатост ќе ве следат во текот на целиот ден, бидејќи сте загрижени за тоа што се случува. Задачите може да ви отежнат. Не одбивајте помош од колегите, доколку ви ја понудат. Попладне ќе ве вознемират непријатни вести поврзани со вашата работа.

ВОДОЛИЈА

Пазете се од грешки кои можат да ви станат сериозна пречка во работата. Внимавајте со зборовите за да не предизвикате конфликт на работното место. Разговорите ви се успешни доколку не сте нервозни и не предизвикувате иритација кај соговорниците. Патувањето ќе има релаксирачки ефект врз вас.

РИБИ

Денеска имате тенденција да блескате со вашите прогресивни но тешко разбирливи идеи. Не сметајте дека ќе бидат прифатени без противење. Спуштете се на вашите рутински, ако не и особено пријатни, професионални обврски. Вашите пропусти се поврзани со нервна напнатост и тешкотии.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Aнгличаните нема да користат социјални мрежи додека трае ЕП, еве зошто

Следно

Брегу: Нула роаминг со ЕУ е можно до 2027 година

Latest from Blog

Наунова носител, Тоневски кандидат за градоначалник – ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе листата во Пробиштип

Во рамки на подготовките за локалните избори 2025, ВМРО – ДПМНЕ официјално ја поднесе својата советничка листа во Пробиштип. Листата ќе ја предводи професорката Александра Наунова, а кандидат за градоначалник е Тони

Димитриеска – Кочоска: Европската банка за обнова и развој ја движи модернизацијата на земјата

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) останува најактивен меѓународен партнер на Северна Македонија во реализацијата на стратешки проекти од значење за граѓаните и економијата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска –

Коњановски: „Секој тон од ‘Македонијо, во срце те носиме!’ е порака за љубов кон Македонија“

Со концерт исполнет со патриотски емоции и силни изведби, во Битола продолжи концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме!“. Настанот привлече голем број граѓани кои заедно со изведувачите ја славеа љубовта кон

Трамп: Зеленски и Путин се мразат толку многу што не можат да дишат, ќе морам јас да ги зближам

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја повтори својата подготвеност да воведе нови санкции врз Русија, но постави јасен услов – посилен одговор од европските земји и сојузниците од НАТО. Во разговор

Абецедарот од 1925 година – доказ за постоењето на македонското малцинство во Грција

Во 2025 година се навршуваат точно 100 години од печатењето на македонскиот буквар – Абецедарот, издаден во Атина во мај 1925 година под покровителство на Друштвото на народите. Иако никогаш не бил
Go toTop